ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попреченоста не е срамна и не треба да се чува подалеку од очите на другите

March 17, 2021 10:09
in ДЕНЕС, СВЕТ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Американската писателка Мелиса Блејк е лице со телесна попреченост која во последно време е сѐ поактивна во каузата „Сакај си го телото“, иако доскоро не било така.

– Како жена со попреченост, не сум навикната да го прославувам своето тело – па дури ни да си го покажувам. На што сум навикната? Општеството нѐ гледа нас и нашите телата со попреченост како „неисправни“ и „несоодветни“, како нешто што треба „да се поправи“ и од коешто треба да се срамиме, вели Мелиса.

„Дебела“, „грда“, „изгледаш како балон за на парада“, „компир-лице“ – се само дел од шегите со кои се соочила во животот за нешто за коешто не е виновна. Имено, родена е со Фриман-Шелдоновото заболување и само до својата 15. година имала 25 хируршки операции.

– Не порекнувам дека сум различна… Растејќи, јас го изедначував „различното“ со „лошо“ и „недостојно“. Се сеќавам, кога читав списанија во мојата соба и ги гледав сите тие убави модели кои носеа „најкул“ облека – а не ми помогна и тоа што никогаш не сум се видела „себеси“ во филмови, на ТВ, па дури ни во музички спот. Застапеноста на попреченоста тогаш практично не постоеше, што дополнително ја засили пораката дека попреченоста е „срамна“ и дека треба да се чува подалеку од очите на јавноста, раскажува таа.

Сепак, како возрасна, нејзината работа како писателка ја направила и ја одржува „видлива насекаде“.

– Завршив колеџ за новинарство и работев во студентскиот весник на колеџот пред да станам хонорарна писателка. Дел од мојата работа е и да бидам активна на социјалните мрежи, па Твитер и другите такви места станаа плодна почва за некои од најотровните силеџии што сум ги видела, вели таа.

Но, таа не потклекнува. Како што вели, сè тоа ја прави дури и побунтовна.

– Ќе полнам 40 години во август, па дури и сега, сè уште рутински си ги средувам моите мисли. Ако не го правам тоа, повторно почнувам да му верувам на општеството околу попреченоста. Можеби требаше да минат години за да се промени начинот на којшто се гледам себеси и да дојдам до точка каде што конечно почнувам да сакам да живеам во моето тело со попреченост, но тука сум. Да, тешко е да се биде жена со попреченост во 2021 година. Но, моето тело со попреченост сега е построго и си го сакам овој став!, заклучува таа.

извор: МИА

Next Post

За користењето на вакцината на „АстраЗенека“, нашата земја ќе ги следи препораките на ЕМА и СЗО

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk