ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МТСП: Комитетот на министри на Совет на Европа ја усвои Декларацијата за еднакви плати и можности за жени и мажи

March 18, 2021 12:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот  на министри на Совет на Европа ја усвои Декларацијата за еднакви плати и можности за жени и мажи и ги посочи областите во кои треба да се преземаат активности со цел земјите членки на Советот да се справат со нееднаквостите во платите и можностите во вработувањето, информира министерството за труд и социјална политика.

При вчерашното донесување на одлуката било посочено Еднаквоста помеѓу жените и мажите е меѓу основните човекови права што сите земји-членки на Советот на Европа се обврзале да ги почитуваат. Тоа е впишано во најосновните правни инструменти донесени од Организацијата, вклучувајќи ја и Европската социјална повелба.

-Шеесет години по усвојувањето на Европската социјална повелба – Социјалниот устав на Европа – со кој се прогласи правото на мажите и жените работници на еднаква плата за работа со еднаква вредност, затворањето на јазот во платите е цел што не може да се одложи, изјави Карин Лукас, претседател на Европскиот комитет за социјални права.

Притоа, Комитетот на министри на Советот на Европа посочува дека со цел земјите членки на Совет на Европа да се справат со нееднаквостите во платите и можностите во вработувањето е потребно признавање на правото на еднаква плата меѓу жените и мажите за работа со еднаква вредност во законот, обезбедување пристап до ефективни правни лекови за жртвите на дискриминација и исплата на надомест, промовирање на транспарентност на платите, меѓу другото, преку релевантни статистички податоци, овозможувајќи споредби на платите, подржување на ефикасни тела за еднаквост и релевантни институции со цел да се обезбеди еднаква плата во пракса, како и усвојување, кога е соодветно, сеопфатна стратегија за унапредување на правата на еднаква плата за работа со еднаква вредност и родова еднаквост при вработувањето, вклучително и конкретни одредници и детален временски рок, особено преку дизајнирање на ефективни политики и мерки и собирање на сигурни и стандардизирани податоци поделени по пол.

Европскиот комитет за социјални права ги нагласил овие елементи во своите одлуки, заклучоци и изјави за толкување и утврди дека постојат случаи на неусогласеност со овие барања на различни основи, но и дека се бележи напредок.

Во 2020 година, Европскиот комитет за социјални права јавно објави петнаесет одлуки за усогласеност на државата со правото на еднаква плата и еднакви можности на работното место во земјите кои ја прифатија постапката за колективни жалби и разви критериуми кои можат да им помогнат на земјите-членки во нивните напори да се адресира нееднаквоста откриена со јазот во платите и со пропустите во еднаквите можности за жените во вработување.

Приоритетните области за унапредување на родовата еднаквост и воспоставување на еднакви можности се дефинирани во Стратегијата за родова еднаквост на Советот на Европа 2018-2023 год. и начинот на работа и спроведување на истата се реализира преку: Меѓувладина координација, проекти за соработка и внесување на родовата перспектива(gender mainstreaming) во сите останати области кои ги покрива оваа организација.

-Република Северна Македонија како членка на Советот на Европа преку свој претставник од Министерството за труд и социјална политика во Комисијата за родова еднаквост на Советот на Европа,  учествува во изработката на иницијативите, изработка и промовирањето на сите значајни конвенции, декларации и резолуции од областа на родовата еднаквост и еднаквите можности. Еднаква плата за еднаква работа или работа со еднаква вредност е услов за социјална правда и за ефективно учество во донесувањето одлуки и демократијата, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

извор: МИА

Next Post

Тврдо рамо

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk