ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“

Не е точно дека на германски јазик зборот Nordmazedonien се однесува на етничката припадност, туку на името на нашата држава, Северна Македонија.

March 19, 2021 10:29
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци. Притоа, понуден е принтскрин како доказ за тврдењето, на германски јазик. Но, доколку проверите на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.

Снимка од екран од Фејсбук објава на порталот Антропол.мк

Постот пренесува напис со наслов „И во Швајцарија сме Северномакедонци“, а во него директно се напаѓаат премиерот Зоран Заев и Преспанскиот договор:

Не помина многу време од кога апологетите на Заев и СДСМ ги убедуваа граѓаните дека со промена на името не се менува и идентитетот на македонскиот народ. Толку многу го изразуваа “победничкиот” момент на капитулантскиот Преспански договор, што дури и навистина некои луѓе поверуваа (во интерес „бесплатно здравство во ЕУ земјите“) дека веќе може мирно да спијат, дека ќе се Македонци, без разлика на промената на името на државата, се вели на почетокот од написот.

Понатаму се посочува дека со додавањето на „северна“ во името на државата, полека се правела „промена на идентитетот, без разлика на самата содржина на Договорот“ и дека „сосема нормално ќе биде луѓето кои не се до толку упатени во спорот за името, природно, кога ќе видат дека доаѓате од Северна Македонија ќе ве ословуваат и забележуваат како северномакедонец“.

Како потврда за ваквото тврдење, написот објавува писмо од нашинец во Швајцарија:

По случаен избор добив писмо за попис од швајцарската власт. Во графата за втора/друга националност, не е дозволено да пишам Mazedonien, туку само Nordmazedonien. Тука прекинав да се попишувам и сега ќе морам телефонски да се расправам, бидејќи пописот е задолжителен. Се чувствувам понижен и обесправен. На мојот пасош сè уште пишува Македонија и Македонец и немам намера да го обновувам, ако треба ќе се откажам од државјанството ама северномакедонско и северномакедонски пасош не ми треба.

И сè ќе беше добро ако Nordmazedonien на германски не значеше Северна Македонија, а не северномакедонец.

Значи не станува збор за националноста или за етничката припадност, туку за името на државата од каде доаѓаш, што може да се види и подолу во принтскринот во делот каде се наведени и други држави како Косово и Шри Ланка.

Nordmazedonien на германски значи Северна Македонија, а тоа лесно може да се провери доколку отидете на Википедија или пак, уште поедноставно, на Гугл транслјет.

И на официјалната веб страна на германското министерство за надворешни работи, Република Северна Македонија е именувана како Republik Nordmazedonien. Ако станува збор за северномакедонци, тогаш на германски би пишувало „Nordmazedonier“, „Nordmakedonier“, „Nordmazedone“ или „Nordmakedone“.

На германската Википедија, за етничката група пишува Mazedonier, а не Nordmazedonier. Македонската нација е „mazedonische Nations“, а македонскиот јазик е „mazedonische Sprache“.

Доказ дека на германски етничката припадност на Македонците е „Македонци“, а не северномакедонци е и говорот на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, одржан на 16.11.2020 година, по повод доделувањето на Наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Во дел од својот говор Хајко Мас вели: „Die ersten Früchte dieses politischen Mutes konnten die Mazedonier im März dieses Jahres bereits ernten…“ каде јасно се гледа дека Македонците се именувани како такви, а не како северномакедонци.

Значи не е точно дека на германски јазик зборот Nordmazedonien се однесува на етничката припадност, туку на името на нашата држава, Северна Македонија. Според тоа, лажно е тврдењето дека на пописот во Швајцарија Македонците се нарекуваат северномакедонци. Текстот намерно ја користи ваквата дезинформација за да ја манипулира јавноста и за политички да поентира со напади врз премиерот Зоран Заев и Преспанскиот договор. За Преспанскиот договор и македонскиот идентитет можете да прочитате повеќе тука.

Next Post

МОФ ги повика надлежните да утврдат дали има незаконско работење на Универзитетот во Тетово

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk