пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Хахаха!
Мора некој да му турил елесди во вакцината против грипот од типот вмро!
Или некоја друга јака халуциногена дрога!
Некоја психотропна супстанца која на идиотите им овозможува со извесно задоцнување да ја видат стварноста како што ја гледа сиот нормален свет.
Или е во прашање дејството на парите од продадените хидроцентрали.
На нашите хидроцентрали, Христијанчо, сепак.
Не знам!
Но, знам дека Мицко ќе бара ратификација на договорот со НАТО!
Не се заебавам.
Како се сети, бе, ѕвер, многу е интелигентен?!
Односно ќе бара партиска ратификација на промената на уставот.
Бравос, бе, Мицика, машала.
И на промената на името на државата.
Уф, јеботе, ова му е многу јако.
Никогаш Македонија, секогаш Северна, тоа е новата парола.
И на Преспанскиот договор со Грција, нормално.
Проследено со класична офкажа за вакви прилики: камо среќа да го потпишевме порано!
Хахаха, ќе умрам!
И на Договорот со Бугарија.
Тие се наши браќа, а од браќата всичко треба да приемаме.
Што уште ќе приема/бара, Мицко!?
Откако му се виде дека меѓу руското знаме на хермелинот на Бачев и македонското знаме на славната лондонска авенија, во феноменалното колоритно друштво на знамињата на најмоќните и најдемократски и најпријателски земји во светот, тој, можеби, повеќе би го одбрал друштвото на Бачев, срцето го води во таа источна насока, кон изврејсонцето, јеботе бог, не кон зајдисонцето на Запад, тоа сите го знаеме, но, загубените перспективи на таа опција, му налагаат да скокне, да си удри две шлаканици, да земе од дрогата, или од парите, и да викне на сиот глас:
Ах, браќа и сестри мои, чујте ме, о, почујте, ќе ви кажам словото и Некст тајм после ќе го пее, не само што ќе барам, туку и лично ќе појдам во Будимпешта и ќе го довлечкам најголемиот македонски пезевенк на сите времиња, в идризовские арест. Предлагам со мене да појде и Ацо Лигњата за да може да ги заокружи приходите од патни и дневни трошоци на три милиони евра. Тоа што тој го прави за Македонија е достојно за најголема почит. Северна Македонија ќе му изгради огромен аквариум пред Собранието, таму тој ќе плива, а народот ќе го храни со евра, таква врста е лигњата. Новата влада на вмро ќе го изгради тој Серариум од три милиони тони вода, за првите три дена, сакаме да се држиме до таа симболика на бројката три. Потоа, почитувани, ќе барам од Сузана, Сиљана, Биљана, Тања и Ќулафкована да го предложат датумот на усвојувањето на новото име на државата за државен празник, а дијаспората да предложи графичко решение за орденот „Северна“ што ќе го доделуваме на најголемите патриоти. Хахаха. Дозволете на крајот, драги мои, да кажам дека ќе побарам да ми донесете едно големо знаме од Кутлеш и три александриски шлема со магична четка на врвот, да им се посерам како човек кој никогаш нема да отстапи ниту за милиметар во одбраната на националните и државни интереси на Република Северна Македонија. Да, ќе заборавев, ние сме против амнестија ако анкетите покажат дека на претстојните избори ќе се вратиме на власт, што ќе ни амнестија ако сме на власт, власта е по дефиниција амнестија за државно спонзорираниот криминал, а против ќе бидеме и ако анкетите покажуваат дека ќе бидеме поразени, ај против Заев ќе се бориме, ама против цел свет не можеме да се бориме за да ги спасиме нашите драги злосторници. Подобро да наебат тие, отколку да наебеме сите ние.
Како да се натпреварува во класата Оптимист. Дојде до црвената бова во политичката регата и гледа дека мора да сврти, ако не сака да биде дисквалификуван. Тоа убаво му го кажа еден од главните арбитри, господин Борисов. Слушам дека кога Мицко му рекол дека тие приемат всичко което е од полза за гражданите, Бојко му рекол: еми, какво не се отеглиш, бе Мицко, пусни Македонците да си карат историјата и сдбата си.
Реакцијата на вмронските дисиденти е разбирлива. И нема да биде единствена. И други субјекти побараа да не се гласа за вмро-дпмне затоа што партијата ја губи идејната супстанца. Независните навистина беа изложени на жестоки притисоци и репресии од новиот натофил тогаш кога прашањето на нато се решаваше по сштество, што би рекле во Софија. Макар што се сомневам дека мнозинството тој радикален исчекор го направија од принципиелни причини, како резултат на идејното созревање и самоосвестување, не, сите знаеме дека тие беа на сличен начин користољубиви како што е тоа денеска нивниот поранешен лидер. Но, тие имаат компензација макар за дел од својот грев во својот глас за промените, а Мицко не само што нема никаква компензација за сите штети што ѝ ги направи на Македонија, туку со овие акробации пишува нови минуси на своето конто.
Нека да го потсетиме.
Отпорот на вкупната надворешнополитичка преродба на Македонија што ја водеа Заев и Димитров, предизвика две кардинални, дури, би рекол, драматични последици: прво, пропуштен е моментумот во кој констелациите во Европската унија не беа така сложени како што се денеска, да не беше тој отпор ние денеска, заедно со членството во НАТО, ќе го имавме решено прашањето на преговорите и ќе ја имавме зацементирано највозвишената национална, државна и општествена реализација на луѓето од овие простори, дали ова ти допира до испокинатите синапси, еве, јавно те прашувам по повод овој грамаден грев поради кој се надевам дека ќе завршиш во деветтиот круг на пеколот и, второ, на бранот на тие отпори ја уништивте супстанцата на народот, со помош на кикифрики факторите и милчин ивореките помади, создадовте раскурцано општетство на кретенизирани поединци кои висат во историската празнина или на тарабите на фејсбук и главно јадат говна, ако денеска го заколете и одерете Македонецот, нема да можете да го закачите на ниту еден ченгел затоа што дух нема, а месото му е без елементарна конзистенција, се лизга, паѓа, вратен е на нивото на влечугите или во најдобар случај на скреживите. Сето тоа го уништивте вие, монструмите на македонскиот народ и на Македонија како држава и полудените нормали, немој сега тука да си ми се јавел со срањата од типот: а Заев, а сдсм, тоа е друго ниво, дали ме разбираш.
Така што ова што ти го правиш денеска не може да се подведе под графата нормална политичка еволуција. Ти и твојата вмро сте како цунами кој откако збришал сѐ и се вратил во бонаца, им вика на преживеаните: ај, сега, малку да се побањаме. Иницијативата со амнестијата ти е парада. Ако ние чекаме некој лопов да биде амнестиран за да го остраниме од политиката, ние ќе умреме. Не, Мицко, секој злотвор се отстранува веднаш, ако злоделото е очигледно, како што е очигледно на твојата партија и на нејзините лидери и политбироа или по судска пресуда, ако злото не е толку ачик.
Ти си во првата категорија. Тоа што дисидентите ти бараат оставка е како да те галат с перо по г’з, викаат во Куманово. Ти си одговорен за најтешки мирновременски злосторства против народот и државата, и со своето чинење и со своето нечинење и објективно и со оглед на своите функции и конкретно, многу конкретно.
И не само во врска со криминалот.
Треба да ги тргнеме неписменоста, расипаноста, злобата, ограниченоста, неподносливоста, смрдливоста, од општите работи.
И по таа основа треба да заминеш.
Оставката нема да те спаси, се разбира, но може да биде елемент на таканаречените олеснителни околности.
Сите права се задржани. Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.