ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Младите работници не ги знаат своите права, не се информирани ниту за заминувањето во пензија

Истражувањето покажа дека скоро сите испитаници се запознаени со поимот мобинг, но она што загрижува е фактот дека дури 54 проценти од младите не се информирани за заминувањето во пензија.

December 3, 2019 10:16
in ЕКОНОМИЈА
Помалку од половина од младите сметаат дека се запознаени со правата од работен однос, но високи 70 проценти имаат ниско или многу ниско ниво на информираност за своите права, покажува истражувањето спроведено во Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора во рамки на меѓународниот проект „Права на работа, работа за права“ поддржан од Еразмус плус програмата, пренесе МИА.


– Интересно е и тоа што младите потпишуваат сѐ, ама најчесто не читаат што потпишуваат, па така ќе стават потпис на решението за распоредување без притоа да погледнат што стои во него, а ова е многу важно затоа што потоа при несакани случки токму тоа може да биде клучно, се вели во заклучоците од истражувањето.
Еден дел од младите се изјасниле дека го читаат Законот за работни односи и правилниците во организацијата, а како значен извор на информирање за своите права од работен однос 37 проценти од испитаниците го посочиле Синдикатот, 32 проценти дека се информирале самостојно, а 20 проценти тоа го направиле преку организацијата во која работат.

Истражувањето покажа дека скоро сите испитаници се запознаени со поимот мобинг, но она што загрижува е фактот дека дури 54 проценти од младите не се информирани за заминувањето во пензија.
Жените се повеќе информирани и подобро запознаени од своите права отколку мажите, а значајни разлики за степенот на информираност има меѓу лицата со различен степен на образование. Најслабо информирани за своите права се работниците со средно образование за разлика од нивните колеги со високо образование.

Затоа дел од препораките се синдикатите да изнајдат начини и форми овие разлики да се намалат и да се работи на поголема едукација и информираност на младите за нивните права.

Според Александра Кнезевиќ, координатор на проектот и програмски директор на Развојниот центар за млади во Белград, само задоволен работник, може да биде продуктивен работник.

– Нашата цел беше да ја подигнеме свеста на младите вработени со цел да ја подобрат својата положба во работната околина, истакна Кнезевиќ на завршната конференција што изминатиот викенд се одржа во Белград.

Како дел од овој регионален проект од декември лани до декември годинава реализирани се голем број активности насочени кон информирање и едукација на младите вработени за нивните права од работен однос. Обучени се 36 едукатори кои одржале 40 работилници на кои учествувале над 600 млади. Изработени се и 10 видео клипови со најчестите прашања и одговори со кои се соочуваат младите, како и брошура за правата од работен однос.
Next Post

Собранието го чека мислењето од Владата за автентичното толкување

НАЈНОВО

Тензии меѓу грчки и турски рибари во близина на островот Тасос

September 3, 2025
Скриншот

Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа

September 3, 2025

Израелската војска го уби водачот на Муџахединските бригади во Газа

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk