ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пописот на бездомните лица е целосно завршен, првичната бројка е околу 350 лица

March 25, 2021 11:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот на бездомните лица е целосно завршен. Попишани се сите кои се сместени во објектите за коишто Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика. Првичната бројка е околу 350 лица, она што беше и таргетот и од нашите сознанија, почнувајќи од Визбегово, Чичино Село, значи е завршен тој процес на попис. Сега останува големиот дел на пописот што стартува од 1 април, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

При денешната посета на новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост при ЈУ Завод за рехабилитација на деца и млади, населба Топанско поле, министерката порача дека пописот е безбедна  и елементарна статистичка операција. Оттука, како што рече, е неразбирливо наметнувањето на тезата дека тоа е политичко прашање на кое што треба да се вкрстуваат копјата од страна на спротивставените политички страни – власт и опозиција во општеството.

– Доколку се почитуваат протоколите, а секако попишувачите имаат специјални обуки покрај обуката на начинот како треба да прават попишување на граѓаните, посебни обуки за тоа како треба себеси да се заштитат со заштитната опрема, со носење на маски, со носење на визери, носење на ракавици, на тој начин се штитат и себеси, меѓутоа секако ги штитат и лицата во домаќинствата каде што треба да се обавува пописот, обазложи министерката за труд и социјална политика.

Иво услови на пандемија, потенцираше, ние како граѓани функционираме.

– Ние сите одиме, ги обавуваме секојдневните потреби и обврски. Одиме на работни места, одиме во продавници, купуваме храна, одиме во здравствени установи затоа што не само заради пандемијата имаме потреба од консултација на лекар. Така што со доследно почитување на протоколите многу е значајно пописот да се заврши. Особено е значаен пописот за институција за МТСП. Зошто? Затоа што цели 20 години ние ги немаме вистинските бројки на категориите на граѓани чии проблеми ги адресира односно ги решава МТСП, нагласи министерката.

Таа посочи дека е важен бројот на пензионерите заради тоа што тоа ја генерира потребата од изградба на нови домови за сместување на стари лица. Важен е, како што рече, бројот на лицата со попреченост за кои СЗО вели дека е 15 проценти од општата популација, а тука директорот рече дека имаме 33 лица коишто се сместени 24-часовно во интернатот.

– Понатаму, многу е значајна бројката на деца заради тоа што ја наметнува потребата за предшколско образование и бројот на градинки коишто МТСП треба да ги креира, приматели на социјална помош итн. За вие да испорачате квалитетни политики тие мора да бидат втемелени на реални, објективни податоци коишто се добиваат пред се со пописот како една статистичка операција која што во исто време се спроведува во целата држава, истакна Шахпаска.

извор: МИА

Next Post
Фото:  Michael Knoll   Pixabay и Anthony Crider

Критинк: Сцената на заговор како сцена на злосторство

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk