ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Институциите постапуваат навремено и неселективно, во серија акции на Царинската управа запленети над 146 илјади килограми тутун

March 25, 2021 21:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Царинската управа ги презеде сите мерки и извести за се она што го констатирале во врска со нелегалната трговија со необработен тутун, порача на денешната собраниска седница заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и кримналот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одговарајќи на пратеничко прашање.

Вицеперемиерот Николовски рече дека во серија акции на Царинската управа се запеленети 146.278 килограми необработен тутун, за што веќе се поднесени и кривични пријави.

Одговорајаќи на прашањето од пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ, ЗПВ Николовски посочи дека Царинската управа и другите надлежни институции, за ваквите акции постапуваат навреме и неселективно.

„Пред  вас да ви текне или да излезете во јавност,бевме првите кои неселективно, бескрупулозно излеговме и констатиравме не за бројките кои вие ги кажувате вие,  туку дека е запленет 146.278 килограми тутун, запленет којшто е внесен во државата како необработен и е пуштен незаконски во промет. Веќе се поднесени кривични пријави по основ на неплатена акциза од близу 5 милиони евра вкупно и тоа е веќе направено за сите случаи каде е констатирано во претходниот период. Во вашите соопштенија мешате шедиции, па како бил внесен тутунот, преку кого. Ве повикувам точно да проверите каде и преку кој шпедиции се внесе па натаму да си отворат институциите постапки и со кого се поврзани тие шпедиции и целосно да излезете јасно без прашалници во вашите партиски соопштенија и прес- конференции, туку да дадете докази за она што како лага како конструкција сакате постојано да го правите“, рече вицепремиерот Николовски.

При тоа, Николовски порача дека лицемерно е ВМРО ДПМНЕ да зборува на тема борба против корупција и криминал, а заборава на случаите во кои се вмешани кадри на ВМРО ДПМНЕ.

„Да ме поврзувате мене со овој случај, е исто како да ме поврзете со слулчаите во едно школо во Кочани каде што три пати поголеми трошоци се направени за превоз на ученици, а вие сте биле директор. Исто како што можете да ме поврзете за тој случај така може и за овој и мислите дека некој ќе верува за вашите лаги и вашите измислици на сето она што го изнесувате во серија, е заради тоа што ви смета борбата против корупцијата и криминалот која што силно погодува во вашите редови и промените кои настануваат во системот.Знам дека процесите на модернизација и во СДСМ на развој, на демократизација но и на државата многу силно ви сметаат но граѓаните тоа го гледаат и повторно ќе ја испорачаат казната“, рече Николовски.

Воедно, во одговорот на пратеничкото прашање, вицепремиерот Николовски, порача дека ВМРО ДПМНЕ нема право да зборува за земјоделците, за тутунорпозиводителите, заради тоа што за разлика од време на режимот во тие 11 години кога се исплаќаа субвенции со партиски книшки, сега  од првата годината од мандатот, се зголемија субвенциите и се воведе нов модел за повисоки субвенционирање,  а субвенциите се исплаќаат навремено  и неселективно, рече вицепремиерот Николовски.

Next Post

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ бега од собраниската сала за да не се изгласаат мерките за помош на граѓаните

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk