ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нацевска: Намалувањето на основната каматна стапка очекуваме да придонесе за намалување на цената на кредитите, заради полесно надминување на кризата

March 30, 2021 12:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката за натамошно монетарно олабавување, односно за намалување на основната каматна стапка, ја донесовме во услови на стабилни движења на девизниот пазар, умерена и стабилна динамика на инфлацијата, како и постојан раст на депозитите во банкарскиот систем и очекуваме дека овој чекор ќе придонесе за намалување на цената на финансирање на домаќинствата и претпријатијата преку кредитите од банките, заради полесно надминување на кризата.

Ова, како што соопшти Народната банка, го истакнува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју за „Капитал“.

–Досегашното искуство покажува дека деловните банки ги следат сигналите на Народната банка. Секако, не можеме да очекуваме инстантна реакција, односно вообичаено е потребно извесно време за да можат банките да ги направат соодветните приспособувања и во своите каматни стапки. Но, би напоменала дека финансискиот сектор е мошне важен посредник во успешното одржување на стабилноста на домашната економија во тековната криза и поттикнување на економскиот раст, посочува Нацевска.

Во интервјуто, додава дека засега, и покрај неизвесноста од здравствената криза, тековите во економијата се стабилни, без поголеми отстапувања кај клучните макроекономски параметри во однос на очекувањата.

–Сведоци сме дека дојде до повторно влошување на епидемиолошката ситуација, што услови враќање на дел од рестриктивните мерки како во глобални рамки, така и кај нас. Сепак, треба да имаме предвид дека мерките и натаму се помалку рестриктивни од оние коишто беа преземени во вториот квартал од минатата година. Во  моментов, тешко е да се процени дали тие ќе предизвикаат поголема промена на нашите очекувања за економскиот раст. Секако дека сме свесни за непредвидливоста со којашто се соочуваме, бидејќи оваа криза по својата генеза е од неекономски карактер. Токму затоа правиме и алтернативни сценарија, во кои ја нагласуваме исклучително високата неизвесност околу ефектите од продолжената здравствена криза врз економијата, вели вицегувернерката.

Во однос на прашањата за евентуално дополнително пролонгирање на корона-кризата, меѓу другото Нацевска вели дека централната банка има инструменти за дополнителна реакција доколку е потребно.

–Како и секоја друга централна банка располагаме со портфолио на инструменти преку коишто можеме да делуваме за да се обезбеди ликвидност во системот, како на пример репо-трансакциите, а на располагање ни е и макропрудентниот инструментариум за поцелно делување. Поволно е тоа што кај нас основата каматна стапка е сѐ уште позитивна, што остава простор за натамошно делување на Народната банка преку овој инструмент, доколку е потребно, истакнува вицегувернерката.

Во интервјуто, таа напоменува дека одлуките што ги има донесено Народната банка за поддршка на економијата во справувањето со кризата засега даваат добри резултати, а состојбите будно се следат. 

извор: МИА

Next Post

Ситуацијата со Ковид-19 е на границата што здравствениот систем на Србија може да ја издржи, тврди директорот на Инфективната клиника

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk