ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Силна и безусловна поддршка од Германија за Северна Македонија

Од дипломатски извори во Брисел, неофицијално дознаваме дека во огромно мнозинство се земјите-членки што, практично безусловно, ја поддржуваат Северна Македонија во пресрет на октомвриската одлука за почеток на преговорите. Сигналите што ги упатува Германија во овој процес не се решавачки, но сигурно се значајни. Вечерашната конечна одлука на Бундестагот е сосема извесна и безусловна, што за нашата земја претставува еден огромен чекор напред во таа смисла. 

September 26, 2019 16:31
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти објавите во неколку медиуми, дека Бундестагот наведува серија услови за Северна Македонија во подготовките за гласањето во текот на вечерната сесија, препораката, сепак, е безусловна. Германскиот амбасадор Герберих, на вчерашната конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи, во своето воведно излагање, меѓу другото кажа, дека Северна Македонија создаде успешна приказна и дека тоа треба да биде пример за целиот регион. Освен нашата земја, на консултациите во најголемите парламентарни групи во Бундестагот, на дневен ред била и Албанија која, како земја кандидат, мора да направи огромен број реформи во клучни области. Без оглед на сериозните забелешки на сметка на прогресот на Албанија, најголемите парламентарни групи, сепак, решија да препорачаат почеток за преговори и за оваа земја, пред гласањето на седницата на Бундестагот вечерва.

„Северна Македонија создаде успешна приказна на Западен Балкан, особено во однос на зближување на регионот. Северна Македонија моментално нема проблеми со своите соседи. Северна Македонија направи голема разлика во историската димензија со Преспанскиот Договор. Тоа треба да претставува пример за целиот регион“ – рече, меѓу другото, амбасадорот Герберих.

Понатаму, амбасадорот Герберих ја истакна посебно важната улога на Парламентот , вклучувајќи ги, исто така, гласовите на опозицијата, во продлабочувањето на процесот на реформи.

„Овие напори треба да се засилат и да дадат опипливи резултати за секој граѓанин. И овие напори мора да ја вклучат реформата на изборниот систем. За таа цел, општеството – ова се однесува и на сите делови од вашето општество, вклучувајќи ги сите етникуми – мора да се обедини и сите тесно да работат заедно за да се надмине сé уште постоечката, а понекогаш и зголемена, поделеност на општеството. Тука би сакал да оддадам почит на улогата на претседателот Пендаровски, чие мото секогаш е дека е тој претседател за сите“ – рече Амбасадорот на Сојузна Република Германија на Конференцијата што ја отворија тој, заедно со претседателот Пендаровски. На отворањето на конференцијата на која учествуваа над 110 претставници на политичките партии, институциите, граѓанското општество, градоначалници, со видео обраќање, учествуваше и премиерот Зоран Заев, со оглед на тоа што истовремено учествуваше во Њујорк, на 74. Заседание на ОН.

Од дипломатски извори во Брисел, неофицијално дознаваме дека во огромно мнозинство се земјите-членки што, практично безусловно, ја поддржуваат Северна Македонија во пресрет на октомвриската одлука за почеток на преговорите. Сигналите што ги упатува Германија во овој процес не се решавачки, но сигурно се значајни. Вечерашната конечна одлука на Бундестагот е сосема извесна и безусловна, што за нашата земја претставува еден огромен чекор напред во таа смисла.

Џ. Дерала

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп потпиша наредба со која им се забранува влез во САД на граѓани од 12 земји

June 5, 2025

Без вода скопските улици „Борка Талевски“, „Никола Тримпаре“ и „Дебарца“

June 5, 2025

Седум милиони евра од Европската унија за еколошки проекти во Преспа

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk