ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународен ден на проверка на факти: Медиумската писменост е способност за критичко и аналитичко восприемање на информациите

April 2, 2021 15:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумската писменост е способност за критичко и аналитичко восприемање на информациите. Проверката на факти е процес на проверка на тврдењата и изјавите со цел пласирање веродостојни и точни информации. Проверката на факти треба да и претходи на објавата на веста или да следи по објавата на веста, истакна на денешната панел-дискусија по повод Меѓународниот ден на проверка на факти, раководителот на проектот „КриТинк“ Филип Стојанов.

На 2. април новинарите и активистите низ целиот свет по петти пат го одбележуваат Меѓународниот ден на проверка на фактите инициран од Меѓународната мрежа за проверка на факти, чија членка од Северна Македонија е Фондацијата „Метаморфозис“.

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” кој го спроведуваат „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка од Европската Унија одржа панел-дискусијата посветена на проверката на факти како средство за унапредување на медиумската писменост.

– Преку нашиот проект „КриТинк“ имавме спроведено анкети коишто нудат информации со тоа со какви се проблеми се соочуваме, еден од проблемите е не само презентирањето на неточни податоци туку и ширењето на еден начин на размислување којшто се нарекува одложност на теории на заговор, на кој што се подложни голем дел од нашите сограѓани, а веројатно и ние доколку се најдеме во дадена ситуација. Тука единствен начин да се помогне е да го промовираме критичкото мислење кое практично опфаќа исто така низа вештини и пристапи коишто не се однесуваат само на медиумите или на интернет, туку можат да бидат применливи во секоја област почнувајќи од основновното образовоение и во било која од професионалните сфери, рече Стојанов.

Тој посочи дека се обиделе да анализираат какви се типови дезинформации и какви ефекти се појавиле кај нас во врска со пандемијата во текот на минатата година.

-Анализиравме скоро петстотини написи во коишто се обработува конкретен проблем поврзан со дезинформации и се врши проверка на факти и дојдовме до заклучок дека многу е важен уште една фактор кај нас, а тоа е политичката пристрасност. Таа е форма на една емоционална манипулација којашто многу често кај нас се користи на луѓето да им се натурат дополнителни форми на дезинформации и манипулации, како теории на заговор, а особено е важно што голем дел од тие дезинформации се однесуваат на практично попречување на активностите кои што се насочени кон спречување на ширење на заразата со со Ковид, истакна Стојанов.

Утврдиле дека околу 60 проценти од нивната работа во рамки на „Метаморфозис“, во рамки на сите проекти со кои што се занимаваат со проверка на факти и со одговорно новинарско известување се однесува на борба против дезинформации за корона вирусот.

– Проверката на факти е дел од новинарскиот процес, таа не е ништо поразлична од проверката на информации кога прават новинарски стории. Разликата е единствено што кога проверувачите на факти во овој современ актуелен контекст го работат тоа, тие тоа го прават не пред објавувањето на текстот, туку потоа. Значи откако новинарскиот производ ќе биде објавен. Или ако станува збор за проверка на факти на содржини објавени на социјалните мрежи по објавувањето на постот, нагласи главниот уредник на „Вистиномер“ Владимир Петрески.

Тој посочи дека од таа причина ги прават методологииите, со цел да бидат сигурни дека начинот на којшто работат е поткрепен со сите неоходни искуства и со сите новинарски правила и оти она што го работат го работат детално, сеопфатно и на ист начин секогаш.

– Значи овие методологии колку што имаат заеднички елементи, понекогаш знааат да имаат и извесни разлики. Пример, во првичната методологија која што ја користивме во сервисот за проверка на факти ние одлучивме да не рецензираме извесни новинарски жанрови во чија цел е авторот да искаже свој став. Тука станува збор за коментарите од едно лице или редакциски коментари, тука станува збор за колумните, тие се целата причина за постоењето некој да каже свој личен став и тука исто така влегуваат и интервјуата, рече Петрески.

Укажа дека ако се погледат нивните текстови од 2012 до 2017 година на проверка на факти.мк и може да се види дека тие никаде немаат направено рецензија на коментари или колумна.

– Но методологијата на Фејсбук на пример кои ние ги користиме кога рецензираме содржини од Фејсбук, во овој поглед е различна. Фејсбук дозволува рецензирање дури и на коментари дури и на ставови, ако се засноваат врз дезинформации. Но од друга страна имаме и обратени пример, што се донесува на политичарите. На пример ние во нашата методологија не ги двоиме дали е политичар или не е политичар. Фесбук од друга страна прави разлика, на пример според методологија на Фејсбук постови, статуси на политичари не се оценуваат. Значи лица кои се именувани на политичка функција, во периодот додека се на функција не ги рецензираме затоа што методологијата на Фејсбук е таква. Тоа истото се однесува и на соопштенијата на политичките партии, појасни Петрески.

Меѓународниот ден за проверка на факти се одбележува од 2017 година од страна Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network) во соработка со над стотина организации низ целиот свет кои вршат проверка на факти, а 2. април беше одбран како антипод на 1. април – денот на лагата.

Како одговор на напливот дезинформации поврзан со пандемијата Ковид-19, годинешното мото е „проверката на факти може да спаси животи и ги поддржувам проверувачите на факти“ (Fact-checking can save lives and I support fact-checkers).

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Евротинк. Финансиран е од Европската Унија.

извор: MИА

Next Post

Коалицијата за клима бара граѓанските здруженија да и се придружат во борбата со климатските промени

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk