ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР започнува нова десетгодишна надворешна политичка стратегија – Рефлексија 20-30

April 3, 2021 11:49
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи започнува нова доктрина на работата на дипломатијата поставена на три столба, која треба да резултира со нова десетгодишна надворешна политичка стратегија – Рефлексија 20-30, изјави денеска на прес-конференција Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како прв столб на новата стратегија, Османи најави дека започнуваат со широки граѓански консултации, преку кој најави оформување на врските меѓу надворешната политика и потребите на граѓаните.

– Се работи за партиципативни и инклузивни демократски средби, кои ќе се одржуваат во општините и преку кои ќе се обидеме да ги зацврстиме врските меѓу обичниот граѓанин и евроатлантската интеграција на земјата, изјави Османи.

Преку вториот, Османи најави засилување на процесот на инклузивност со организирани тематски конференции за новата стратегија – Рефлексија 20-30.

– Целта е во еден инклузивен и транспарентен процес на највисоко можно академско, експертско, стручно и политичко ниво да се опфатат теми кои се дел од приоритетите на надворешната политика, приближување на нашата држава кон ЕУ, но и вклучувањето во самата Унија, нашето членство во НАТО, односите со соседите, за регионалните иницијативи и воопшто севкупната иднина на Западниот Балкан, нашиот придонес во заштита на мултилатерализмот и самото учество на земјата во други меѓународни организации, изјави Османи.

Како трет столб, Османи најави, овој процес да добие институционална форма, преку создавање на Стратешки совет за надворешна политика.

– Постојано тело, кое ќе претставува еден вид на управувачки одбор, каде по можност најдорбите, најстручните и најискусните ресурси кои ги има државата ќе бидат ставени во функција на следење, анализирање и транспонирање на политичките и стртаешки правци на земјата во конкретните политики за надворешни работи, изјави шефот на дипломатијата.

Преку активностите содржани во овие три столба, Османи најави изготвување на десетгодишна стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија – Рефлексија 20-30, која ќе биде претставена и пред Претседателот, премиерот, налдежните комисии и совети во Собранието, а ќе бидат консултирани и меѓународните пријатели – претставниците од ЕУ, стратешките партнери САД и дел од земјите кои досега имаат силен импакт во создавање и развој на држвата.

Next Post

Пладневен преглед: СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува за старт на вакцинацијата, лажните вести значително влијаат врз вакцинацијата против Ковид-19

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk