ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Селаковиќ-Дендиас: Инфраструктрурна и енергетска поврзаност и одржување на трилатерална средба со Северна Македонија

April 5, 2021 13:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на Србија и Грција, Никола Селаковиќ и Никос Дендиас, денеска во Белград водеа разговори за евроинтеграциите, миграциите, енергетиката, одбраната и договорене е одржување на трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Северна Македонија за енергетското поврзување, јави дописникот на МИА од Белград.

-Србија по изградбата на гасоводот Турски тек, заинтересирана е и за диверзификација на изворите и правците, важна е изградбата на интерконекторот помеѓу Србија и Бугарија, кој ќе овозможи поврзување на Србија со гас со грчкото пристаниште Александрополис и јас ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Дендиас за потребата за организирање на трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Севрна Македонија, изјави Селаковиќ на прес конференција, додавајќи дека на оваа средба на Крф треба да бидат не само шефовите на дипломатијата, туку и министрите за сообраќај, инфраструктура, енергетика.

-За ова разговарав и со министерот Бујар Османи и двајцата се согласивме да ја подржиме оваа иницијатива и да учествуваме во таков формат, изјави Селаковиќ.

Понудата за одржување на трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Северна Македонија ја најави и грчкиот министер Дендиас.

-Што се однесува до енергетиката, разговаравме како да ја засилиме поврзаноста на земјите во регионот и понудив и благодарам што е прифатено да се одржи трилатерален состанок меѓу Грција, Србија и Северна Македонија, можеме тоа да го оствариме на Крф, за да разговараме за поврзаноста на регионот, изјави Дендиас.

На средбата разговарано е и за важноста на инфраструктурни проекти и сообраќајната поврзаност.

-Планираме да изградиме брза пруга до Ниш, а после тоа сме заинтересирани да ја изградиме јужната гранка на таа пруга, што ќе минува низ Северна Македонија до Грција, поточно до Солун. Ова се стратешки важни проекти за целиот регион, кажа Селаковиќ.

Тој оцени дека односите меѓу двете земји се на исклучително високо ниво, а Селаковиќ се заблагодари на Грција за поддршката во евроинтеграциите и почитувањето на територијалниот суверенитет на Србија.

-Грција отсекогаш била со Србија и со сите учесници на Западен Балкан кои се посветени на европскиот пат и кои својата иднина ја гледаат во Европската унија, изјави Селаковиќ.

Министерот Дендиас изјави дека дава големо значење на оваа посета додавајќи дека најважно е да се имплементира Декларацијата за стратешко партнерство потпишана во 2019 година чијашто примена е попречена од пандемијата на коронавирусот.

Тој додаде дека Грците со нетрпение очекуваат „да го угостат братскиот српски народ во Грција ова лето“.

-Грција по 10 години криза се враќа на Балканот и ние сакаме грчките компании да инвестираат во Србија, изјави Дендиас.

Next Post

Шилегов: Автобусите се исполнети до 75 проценти, каде има потреба го засилуваме превозот

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk