ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прадхан: Крајната придобивка што може да ја донесе ОВП е да ви помогне да изградите доверба кај граѓаните

April 13, 2021 16:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крајната придобивка што може да ја донесе Отвореното владино партнерство е да ви помогне да изградите доверба кај граѓаните и да им овозможите да се борат против негативните појави. Вие веќе имате импресивни реформи. Би Ве поттикнал да продолжите понатаму, без оглед на пречките со кои ќе се соочите, бидејќи бенефитите што граѓаните ќе ги имаат во самиот пристап при преговорите со ЕУ ќе бидат витални за вас, нагласи генералниот директор на Иницијативата Отворено владино партнерство од канцеларијата во Њујорк, Санџај Прадхан.

Тој додаде дека годинава, земјава има неверојатна можност да ги унапреди реформите преку петтиот акционен план на ОВП кој во моментов се креира заедно со граѓанското општество, каде што, како што рече, се предлагаат навистина добри идеи.

– Северна Македонија во 2021 година го креира својот петти акционен план. Со овој план имате конкретна можност да унапредите три важни цели за Северна Македонија. Првата е градење доверба кај граѓаните на уште повисоко ниво. Втората цел е градење доверба кај инвеститорите, што е од витално значење за заживување на опоравувањето на економијата од Ковид-19. Третата цел е унапредување на агендата за пристапување на земјата кон ЕУ. Постои огромен потенцијал за отворени владини реформи, за исполнување на приоритетите утврдени во оперативната програма 2020-2024, истакна Прадхан.

– Вложувајте на овој пат, којшто знаеме дека може да биде тежок, но може и да ви помогне да ја позиционирате државата како регионален и глобален лидер во Отворено владино партнерство, нагласи Прадхан.

Потсети дека Северна Македонија беше една од првите земји што се приклучија на Отвореното владино партнерство, а минатата година Општина Свети Николе се приклучи на локалната ОВП програма.

Посочи дека целта на ОВП, според зборовите на еден од основачите – поранешниот американски претседател Барак Обама, е владите вистински да им служат на граѓаните, наместо на самите себе.

Тој додаде дека кога една земја се приклучува на ОВП, Владата и граѓанското општество креираат двегодишни планови на ОВП со конкретни обврски за да ги направат владите потранспарентни и одговорни кон граѓаните.

извор: МИА

Next Post

Нови 1.129 случаи на Ковид-19, починати 27 лица

Shortcut

Најново

Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk