ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шидер предлага надворешни историчари да им помогнат на Скопје и Софија за спорот

April 14, 2021 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

 Европратеникот Андреас Шидер предлага да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија за да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓаат Северна Македонија и Бугарија околу историските прашања, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Имам сугестија за заедничката комисија доколку нејзината работа остане заглавена како сега, можеби треба да поканиме двајца или тројца еминентни историчари од ЕУ кои немаат инволвираност во регионот да помогнат да се стави прашањето во научна рамка, изјави Шидер на брифинг со новинари посветен на Северна Македонија.

За Шидер е неприфатлива блокадата за почеток на преговори со Северна Македонија од страна на Бугарија. Тој нагласи дека најчесто политичарите ги користат идентитетските прашања за да ги прикријат слабостите за поважните прашања како образованието или вработеноста.

-Блокирањето на почетокот на преговорите е контрапродуктивно затоа што пристапувањето е алатката за решавање на проблемите. На Балканот како и секаде во светот политичарите подготвуваат идентитетски теми кога немаат одговор за основни прашања како вработеност, образованието, животниот стандард, и се плашам дека е ова вистината и за оваа дебата исто така, изјави Шидер за новинарите утрово.

Известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, исто така повика да се стави фокусот на соработката и позитивните случувања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, наместо да се градат ѕидови. Тој наведе неколку примери на позитивна соработка како таа помеѓу МИА и бугарската новинска агенција, соработката меѓу универзитети во двете земји и ги повика новинарите да бидат дел од позитивниот наратив.

На прашање зошто не помина амандманот кој го осудуваше провокативниот говор од бугарска страна во извештајот за Северна Македонија, амандман во чија подготовка учествуваше и европратеникот Шидер, тој изјави дека се надевал дека тој ќе помине.

-Нашиот амандман беше тежок, затоа што се обидовме да ја критикуваме бугарската Влада, но не најдовме мнозинство, иако очекував. Но, сепак тоа ја обликуваше дебатата и тоа беше идејата на овој амандман, да има посилна критика од страна на Европскиот Парламент, не да се додава масло на огинот, рече европратеникот и додаде дека дебатите за историјата не помагаат за создавање заедничка иднина.

Ќучук порача дека иако довербата помеѓу Софија и Скопје е скршена сега треба да се врати фокусот на Договорот за пријателство и да се гради повторно изгубената доверба во име на идните генерации.

Шидер и Ќучук не се согласија за односот на ЕУ кон Северна Македонија и Западниот Балкан. Додека известувачот за Северна Македонија смета дека помошта за борба против Ковид-19 и разговорите за регионот се на високо ниво, Шидер оцени дека претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел се покажа “несмасен“ во неговата работа, алудирајќи меѓу другото на скандалот со протоколот во Анкара, но и како одговор на молкот од страна на Мишел за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер, Јанез Јанша.

За потсетување Западниот Балкан не се нашол на дневен ред на Советот од декември, минатата година.

-Мислам дека тоа е поврзано затоа што никој не знае како да ја надмина оваа блокада и не сите влади се задоволни што има толку малку Западен Балкан на дневен ред, ние треба да вршиме притисок за ова, Европскиот Парламент е соодветното место за тоа, рече Шидер.

Тој ја критикуваше и Европската Комисија за премалата помош за вакцините во регионот исто така.

-Ситуацијата со Ковид-19 во Северна Македонија е тешка и првата достава од Ковакс на АстраЗенека пристигна во април, процесот на вакцинација е многу бавен и ЕУ треба да сноси одговорност, ако Европа е искрена за иднината на Западниот Балкан требаше да нарачаме дози за регионот исто така, се срамам што не го сторивме ова и што Србија и Кина го пополнуваат овој стратешки јаз, изјави европратеникот Андреас Шидер.

На брифингот стана збор и за скандалот со фалсификуваните македонски пасоши користени од криминалци во регионот.

За европратеникот Ќучук ова претставува загрижувачки развој на настаните.

-Последните скандали длабоко загрижуваат во Северна Македонија, тие не се наоѓаат во мојот извештај затоа што се случија отпосле, но затоа се потребни длабоки реформи во судството, законската рамка и владеењето на правото, изјави Ќучук.

За Шидер овој скандал е исто така знак дека борбата против корупцијата е неопходна.

-Но ова покажува и дека има активност околу борбата против корупцијата, изјави европратеникот и додаде дека не очекува овој скандал негативно да се одрази врз визниот режим за Северна Македонија со ЕУ, затоа што земјата покажа дека работите одат во добра насока. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Имаме тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Pixabay

Ортопедски операции почнаа да се извршуваат во гостиварската болница

October 15, 2025

Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

October 15, 2025

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk