ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мартенс – Колемишевски: 135 ученици посетуваат дуално образовани

Посебен акцент ставил на успешниот проект за дуалното стручно образование кој втора година по ред по германски терк го спроведува Делегацијата.

December 5, 2019 12:47
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Активностите на Делегацијата на германското стопанство, поддршката која ја дава Делегацијата на германските компании кои сакаат да се етаблираат на македонските пазар, како и македонските компании кои сакаат да  влезат на германскиот пазар со своите компании или услуги, беа тема на разговор на средбата меѓу директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс и заменик министерот за економија Кирил Колемишевски.

Мартенс, како што информираат од Делегацијата на германското стопанство, говореше за редовните средби на претставниците на гермaнски, македонски и други интернационални компаниите со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кои, како што посочуваат, служат за изнаоѓање на заеднички решенија со цел подобрување на состојбите во стопанството.

Посебен акцент ставил на успешниот проект за дуалното стручно образование кој втора година по ред по германски терк го спроведува Делегацијата.

-Дуалното стручно образование е застапено во пет градови, пет технички училишта и 10 компании. Веќе 135 ученици во земјата се решија за овој модел на едукација, рекол Мартенс.

Колемишевски, пак, информирал дека Владата презема активни мерки за да го намали одливот на работоспособен кадар. Исто така, посочил, дека е направена реформа за средно образование, која ќе го подигне нивото на средното стручно образование и ќе произведува кадар подобро подготвен за пазарот на трудот.

Тој покажал интерес за конкретните барања на компаниите и сферите во кои постои најголема потреба од поддршка и споделил со Мартенс дел од планираните мерки за 2020 година кои се наменети за подобрување на стопанството и конкретна поддршка на стопанствениците.

Двајцата како исклучително важна ја оцениле потребата од навремено информирање на компаниите доколку се планирани одредени законски измени и нивно вклучување во процесот на изработка на законите. Според нив, само на тој начин ќе се преземат соодветните мерки и ќе се донесат оптимални законски одредби.

Next Post

Во Охрид отворен регионален Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk