ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состанок на вицепремиерот Николовски со градоначалникот на Валандово Костадинов

April 15, 2021 18:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.

На состанокот, детално биле разгледани сите мерки од Планот, а се разговарало и за работата на општината, комуникацијата со жителите, транспарентноста, за досегашните алатки кои ги има оваа општина за спречување на корупција, како и за идните активности.

-Транспарентноста е половина од борбата со корупција. Не смееме ништо да криеме од граѓаните, треба да сме отворени, транспарентни, чесни и отчетни. Ние како кабинет нема да престанеме да правиме притисок да се исполнат сите обврски и сите задачи и да промовираме што поголема отвореност на секоја општина и пристап до сите информации кои граѓаните треба да ги знаат, подвлече Николовски.

Николовски, се осврна на важноста од именување на лица за прием на пријави согласно Законот за укажувачи. Ова е со цел во секоја институција да има лице за пријавување на корупција, затоа што институциите што ги покриваат општините се ранливи, тука е директниот контакт со граѓаните и првата можност каде можат да се спречат можностите за корупција.

Градоначалникот Костадинов се осврна на активностите кои општина Валандово ги презема во последниот период кои се во правец на транспарентно работење и борба со корупција.

-Општина Валандово може да се пофали со позитивни резултати, особено во делот на активна транспарентност. Од општина која само пред три години беше на дното на листата за транспарентност, денес сме на високо осмо место. Општината јавно ги објавува сите договори, а преку комуникација постојано со граѓаните се трудиме да изградиме партнерски однос. Да направиме промена во перцепцијата како работат јавните институции, како комуницираме со граѓаните, затоа што ние сме тука да им служиме нив, истакна Костадинов.

Тој информираше дека пред состанокот заедно со вицепремиерот Николовски го посетиле системот за наводнување „Јужен Вардар“, проект кој е од капитално значење не само за општината, туку и за државата, а земјоделците од овој регион ќе имаат намалени трошоци и модерно производство.

Инаку, денешната средба е дел од серијата на теренските активности и средби со градоначалниците од општините во државата на коишто Николовски ги презентира мерките од усвоениот владин План за борба против корупција, кои се однесуваат на локалната самоуправа. 

извор: МИА
Next Post
ФОТО: МИА

Богдановиќ: Штетите кои би настанале од суспендирање на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општината

НАЈНОВО

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

Пет Нетфликс филмови достапни во Македонија што совршено ќе ја погодат атмосферата за Halloween

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk