ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирана националната платформа за иновативни идеи „Македонски концепт“

На прашање како ќе се позиционираат за изборите, Богојески посочи дека тоа зависи од граѓаните и доколку организациите, политичките партии и граѓаните го поткрепат овој концепт, смета дека има добра шанса.

December 5, 2019 22:14
in ПОЛИТИКА

Претседателот на Унијата на европски федералисти на Македонија (УЕФМ) Петар Богојески, вечерва ја промовираше националната платформа за иновативни идеи „Македонски концепт“.

Како што посочи прес-конференцијата, идејата на „Македонски концепт“ е да ги обедини сите граѓани, политички организации, невладини организации и политички партии околу заедничко верување, обединети околу заеднички вредности и принципи.

– Избравме да тргнеме по сопствен пат и длабоки реформи во општеството, комплетна промена и реставрација на системот и на државата, нешто кое е целосен дискунтинуитет. Од се она што се случуваше досега, последниве 30 години, сите граѓани, политички организации, невладини организации па и политички партии можат да бидат дел од „Македонски концепт“, рече Богојески.

На прашање како ќе се позиционираат за изборите, Богојески посочи дека тоа зависи од граѓаните и доколку организациите, политичките партии и граѓаните го поткрепат овој концепт, смета дека има добра шанса.

Тоа зависи од граѓаните, доколку овој денешен наш апел наиде на слух кај организациите, кај политичките партии и кај граѓаните пред се и доколку граѓаните го поткрепат овој концепт и ова видување мислиме дека има добра шанса без разлика на измените или на изборниот модел ние да понудиме поинакви, поиновативни и поквалитетни решенија од оние кои денес ги нудат актуелните неколку програми, рече Богојески.

Во однос на тоа дали ќе имаат листи на изборите тој појасни дека за тоа ќе донесат одлука во зависност од одзивот и поддршката на која ќе наидат кај јавноста и граѓаните.

Богојески појасни дека „Македонски концепт“ не е политичка партија, туку платформа или политичка програма, која се промовира во рамки на регистрираната Унија на европски федералисти на Македонија која пред недела дена стана официјален дел на Унијата на европски федералисти во Европа, додавајќи дека таа е политичка организација која дава силна поддршка на процесот на продлабочување, но истовремено и проширување на Европската Унија.

Во моментов платформата ја финансираат од сопствени извори и од пријатели кои гледаат иднина во неа, и се надеваат дека во иднина ќе обезбедат дополнителни средства за да можат да бидат поприсутни кампањски во јавниот простор, но и на терен меѓу граѓаните.

Next Post

Баба има 38 тетоважи од Мурињо

НАЈНОВО

Под контрола пожарите кај Вардариште, Кожуф и во Јасен

September 3, 2025

Се вработуваат лични асистенти за ученици, плата 15.000 денари за 20 часа неделно

September 3, 2025
Припадници на армијата на Израел

Илјадници израелски резервисти се пријавуваат на должност пред офанзивата на Газа

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk