ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжува состанокот на Комисијата за историски прашања

April 23, 2021 09:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Историчарите разговораат за учебниците за седмо одделение и ликот и делото на Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев смета дека секој напредок што ќе го направи Комисијата за историски прашања ќе биде исчекор кон решение на проблемот со Софија.

– Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави вчера Заев во Тетово.

Премиерот посочи дека не е информиран и не може да каже кога таа е закажана.

– Комисијата е независна, тие го информираат својот ресорен министер, да им посакам само успех. Нека се одржат седниците, нека направат одреден исчекор. За мене како претседател на Влада секогаш е добродојдена  експертска помош од третата страна, затоа што сме решавале секаков вид прашања и домашни и билатерални, па дури и меѓународни. Помошта од страна е добредојдена. На крајот, двете страни во Комисијата ја носат одлуката. Некој може да сподели експертиза, искуство, алатки, начини, памет на играта на зборовите каде што може да се најдат секако двете страни. Секој исчекор на Комисијата за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.

Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на 12-та средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.

Комисијата во 2021 година се очекува да има пет состаноци.

извор: МИА

Next Post

Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk