ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прв хакатон за намалување на сивата економија во е-трговијата

April 23, 2021 10:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Прв хакатон за намалување на сивата економија во е-трговијата насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговија” ќе се одржи виртуелно од 14 до 16 мај, во организација на Асоцијацијата за е-трговија, во соработка со Економскиот Факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, а со поддршка од Mastercard како главен партнер.

Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и е поделен на две категории „Едуцирај и мотивирај“ и „Детектирај и сузбиј“. Студентите кои ќе бидат дел од хакатонот ќе имаат задача во текот на 48 часа да развијат иновативни решенија за намалување на сивата економија – одговарајќи на една од двете категории, со што преку категоријата „Едуцирај и мотивирај” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за подигнување на свеста за сивата економија и ќе мотивираат за нејзино избегнување, а преку категоријата „Детектирај и сузбиј” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за детектирање на сивата економија во е-трговијата и ќе делуваат корективно, преку вклучување на самите граѓани и е-купувачи.

Бројот на студентите кои може да учествуваат на хакатонот е ограничен на 50 студенти од овие факултети, кои со помош на врвни експерти од домашни компании и државни институции во улога на ментори на хакатонот, ќе развијат иновативни и практични решенија за борба против сивата економија во е-трговијата.

– За учесниците, овој хакатон претставува уникатна шанса да се информираат повеќе за сивата економија, да работат на решавање на реален општествен предизвик преку изработка на свое креативно решение, да добијат вреден фидбек од ментори од домашните компании и државни институции, да го поттикнат претприемачкото размислување и да бидат наградени. Победничките решенија, кои ќе бидат одбрани од комисијата за евалуација ќе бидат наградени со цел, во соработка и координација на АЕТМ, да ги имплементираат нивните решенија, посочија организаторите.

Пријавувањето за учество на хакатонот започнува денеска, а сите заинтересирани студенти од Економски факултет – Скопје и ФИНКИ може да се пријавуваат преку веб страницата: https://hackathon.ecommerce.mk/, индивидуално или во тим, до 10-ти мај.

Асоцијацијата зе е-трговија на Македонија, неодамна на Годишното Собрание ја претстави годишната програма за 2021 година, во која се дава посебен фокус на сивата економија во е-трговија. Од Асоцијацијата велат дека сите активности кои ги преземаат се резултат на анализи и следење на потребите на пазарот, во насока на отстранување на бариерите кои стојат на патот на развојот и креирање на поволна клима за забрзан раст на е-трговијата.

– Согласно Анализите на е-трговијата во 2018 и 2020 година, една од бариерите посочена од е-трговците е сивата економија, која креира нелојална конкуренција за регистраните бизниси. Загрижувачки се и сознанијата од спроведениот прашалник на 2.800 купувачи, од кои над 70 проценти се изјасниле дека иако се свесни дека се дел од сивата економија кога прават нарачки од нерегистирани субјекти на социјални медиуми, сепак решаваат и понатаму да го прават тоа, што говори и за нискиот даночен морал на населението, кој е клучен фактор за сузбивање на сивата економија. Затоа, во 2021 година АЕТМ става посебен фокус на активности насочени кон намалување на сивата економија во е-трговија, објасни Нина Ангеловска, претседателката на АЕТМ.

Таа присуствуваше на дискусијата која се одржа минатата недела во Министерстото за финансии на која беше презентиран „Акцискиот план за сузбивање на сивата економија” на ова Министерство, каде зборуваше за придонесот и активностите кои ги реализира Асоцијацијата е-трговија насочени кон намалување на сивата економија во е-трговија.

Акцискиот план содржи шест приоритети меѓу кои „Адресирање на сивата економија во е-трговијата”. Во првиот квартал од годината АЕТМ го објави првиот регистар за е-трговци и објави едукативно видео за последиците од сивата економија.

извор: МИА

Next Post

Димитров-Шимоните: Отпочнување преговори на Северна Македонија со ЕУ има силни регионални реперкусии

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk