ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Сагата продолжува – Државниот пазарен инспекторат не мирува

April 23, 2021 17:22
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Државниот пазарен инспекторат е една од институциите на државата која се соочува со зголемен обем во изминатиот период. Појавата на пандемијата, со себе, донесе и бројни правила и протоколи кои се однесуваат на економските оператори, а токму пазарните инспектори се оние врз чии плеќи падна големиот предизвик за проверка и контрола околу тоа колку новите прописи наменети за заштита на населението, операторите навистина ги почитуваат.

Инспекциските служби, генерално, се суштински дел од државнта администрација,. Во таа насока и пазарната инспекција е особено значајна државна институција. Нејзината улога и важност дојдоа уште повеќе до израз во пандемиските услови во кои опстојуваме, а  ние, граѓаните, сме тие кои постојано ги повикуваме овие инспектори на будност и присуство на терен.

Следствено, сосема оправдана и јасна е потребата од соодветна кадровска екипираност на ДПИ и неопходноста од поголем број на „теренци“, отколку на класични административци, а имајќи го предвид делокругот на надлежност на институцијата. Основната мисија поради која постои ова тело е контролата на пазарот и спроведувањето на прописите од сродните области и истата се одвива, првенствено, на терен и е мобилна.

Деновите зад нас, во јавноста особено актуелна е полемиката која ја отпочна директорот на оваа институција и кој, впрочем, преку неа сака да укаже на потребата од соодветна стручност и квалификации на вработените во овој инспекторат. Од друга страна, жешка тема низ медиумските кулоари веќе одамна е бројката на лица вработени согласно со Охридскиот рамковен договор. Дел од тие лица на буквален начин, континурано, ни ја демонстрираат разликата помеѓу тоа „да се биде вработен“ и „да се работи“.

За поздравување е иницијативата на сегашните власти да се одгатне  долгогодишниот проблем во однос на тоа зошто овие лица фигурираат на платен список, а не се распоредени суштински на своите работни места. Не е лоша ни идејата, овие човечки ресурси да се распределат низ разните државни институции и конечно, споменатите луѓе да почнат да ја заработуваат својата плата. Меѓутоа, не смееме да се изземеме од одговорноста овие лица да бидат распределени во градови и на позиции каде навистина има потреба од нив.

Од тие причини, не смееме да останеме ниту имуни на криците на челникот на институцијата која е една од поважните алки во системот. Тоа што како јавност и граѓанство не сме навикнати да слушаме често вакви „негодувања“, зборува за нивото на демократски развој и воопшто не значи дека истите се непосакувани и непотребни. Напротив, ваквите јавни настапи на луѓето кои менаџираат со државните институции, а преку нив и со нашите, јавни пари, треба да ги има и повеќе и почесто.

Да не се помируваме дека дошол денот кога треба да аплаудираме на нормални работи, туку да ги поддржиме функционерите кои се обидуваат да покажат и докажат интегритет и кредибилитет. А, како што во една друга прилика неодамна, за преписката помеѓу министерот за здравство и шефот на државата, тогаш премиерот Заев изјави дека несогласувањата не се проблематични и истите треба да ги има, да го повториме тој став и сега. Но, исто така, да го демонстрираме и на дело и ние и премиерот, за да зборот навистина биде збор.

Иван Дургутов 

Next Post

УНЕСКО по повод Светскиот ден на книгата: Книгите имаат посебна способност да разонодуваат и да поучуваат

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk