пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Само ќе ви ги оставам овие писанија и видеа, па вие расудувајте дали има луфта за сомнеж за баба Перса што спонтано се појави пред камерите за време на настан каде учествуваше Заев и на дедото што само еден ден покасно спонтано се појави пред камерите за време на настан каде присуствуваше Шилегов.
Ова се само неколку спонтани настани во кои протагонисти се баби и дедовци кои се случија спонтано во само неколку дена во време на Шарената револуција:
– Група од неколку жени со сунѓери и детергенти се собрале спонтано спроти Собранието и со чадори, на дожд, го чистат натписот на споменикот посветен на Првото заседание на АСНОМ.
Подоцна една госпоѓа дава изјава:
Јас сум баба и мајка, не сакам децата да ми гледаат нечистотија, не сакам спомениците и градот да ни бидат уништени. Никој не ме повика, сама почуствував потреба да исчистам“, вели повозрасна жена што спонтано излегла да чисти.
– Во Битола неколку жени спонтано го чистеа споменикот на Филип Втори на плоштадот Магнолија.
Со детергенти и вода неколку повозрасни жени и мажи го чистеа споменикот, за кој велат дека е од огромно значење за македонскиот народ и не е во ред да се сквернави ликот и делото на Филип Втори. Тие велат дека спонтано дошле да чистат.
– Во Скопје неколку повозрасни жени собрани спонтано ја чистеа Порта Македонија.
Реплика на една од спонтано собраните жени, мајки, баби:
„Од дедо Ное оваа мајка Македонија раѓала чеда македонски, ама вакви изроди не родила како овие што сега фарбаат. Затоа излеговме ние спонтано да ги исчистиме валканиците на изродите на соросоидите, на петтоколонашите…“
Сите овие кротки луѓе се собрале спонтано и сите се жени, мајки, баби и дедовци.
Постои ли место за сомнеж?
Да не заборавиме, на буквално секој организиран и најавен протест за време на грујовото владение, секогаш се случуваше контра протест и секогаш тоа беше спонтано собирање на, нели, револтираните граѓани.