Александар Николоски за Канал 5:„Во овој момент ние немаме конкретен предлог од страна на Владата, во оној момент кога секако дека ќе го разгледаме и ќе се произнесеме по однос на истиот. Факт е дека во минатото оваа власт како тогашна опозиција беше против јавни кампањи иако нив ги имаше насекаде низ Европа како што во суштина ги има и во моментов. Јас лично мислам дека едукативни и јавни кампањи односно кампањи од јавен интерес се во корист на секого но мора да бидат со целосна вклученост на сите релевантни субјекти кои што имаат интерес од тоа и со поеднакво учество и на власта и на опозицијата со цел да се контролира нивната содржина, нивниот обем и дистрибуција. Исто така многу е важно да се дефинира механизам којшто ќе значи контрола во однос на власта со цел прво, да не ги злоупотребува тие кампањи за влијание врз медиумите и второ да не се прават финансиски малверазации. Да видиме, да го достават предлогот, па да видиме.“







