пишува: РИБАРО
Шефе, ги гледам Заев, Османи и Димитров деновиве ги ораат престолнините од Европската унија и прават сè да се добие поддршка за брзо отпочнување на преговорите со ЕУ и Македонија да не се одвои од Албанија. Мора да правиме нешто – јавуваат извори на АХА од белата палата на вмровците, за средба на Мицкоски со анонимен соговорник.
– Види, мора да одам на муабет со Орбан, му вели нервозно Мицкоски на соговорникот. Ако Заев успее да ги кандиса европејциве да не се одвојуваме и да одиме заедно со Албанија, тогаш сме го ебале ежот, во меѓувреме ќе најде копиљакот начин и ќе го реши спорот со Бугарија и остана тој на власт уште еден мандат. Здраво притисна маме му, мора да се признае. Одам да се видам со Орбан, оти она Вархеј, некако, како недоречен ми изгледаше во изјавите, а добро беше договорено да каже конкретно дека Македонија нема „пас“, Албанија оди понатаму, на Зајко му нема спас, Грујо и Мицко идат на власт. Таман ни се погоди нашиот Унгарец да е една од главните фигури во ЕУ, не смееме да ја пропуштиме приликава за да заебеме работа.
– А нели е добро да го средиме тоа со ЕУ, па потоа…?, зачудено прашува соговорникот од Мицкоски.
– Ти ме заебаваш нешто сега?
– Не, ама мислев… А, ти ќе одиш сам?, прашува соговорникот. Оти нели без амин од шефот Грујо не мрдаш подалеку од канцеларија?
– А, бе, бил зафатен на некоја јахта со некое „маче“, па ми се јави, вели договорил сè со Орбан и требало само да се појавам. Е, ајде да се појавам. Ако е за толку, можам и јас, барем така мислам, рекол Мицко.
– Секако дека можеш шефе! Можел и тој, хи-хи-хи… промрморел во себе соговорникот од Мицко, напуштајќи ја канцеларијата, јавуваат изворите од белата палата на вмровците за АХА.
– Дете, купи една повратна за Будимпешта, викнал Мицкоски по вмровчето потрчко од палатата.
– Шефе, динар немаме, во долгови сме до гуша, а Камчев е в затвор, од каде да барам пари?
– И еден трактор нарачај! Кога може Заев да ора, можам ваљда и јас, продолжил самоуверено Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK