ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ОЈО поднесе обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА проекти

May 11, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По спроведена истрага од меѓународни рамки во која биле вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица, за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА проекти.

Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка на првообвинетиот Ј. Ј. (48) му се става на товар дека во соизвршителство со второобвинетата Ј. Г. (53) сторил кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22, кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1, како и кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“  по член 396 став 1 од Кривичниот законик, додека второобвинетата сторила кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22 и кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1 од Кривичниот законик.

– Во периодот од октомври 2012 година до април 2017 година, првообвинетиот како службено лице – именуван функционер и Претседател на Управувачки комитет на проект, заедно и по претходен договор со второобвинетата – раководен државен службеник и член на Управувачкиот комитет, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за едно правно лице од Р. Италија, постапиле спротивно на нивните службени обврски и ги  искористиле своите службени положби и овластувања, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинетите, се додава во соопштението, спротивно на принципот за доверливост и на принципот за еднаков третман на апликантите дефинирани во PRAG/ПРАГ – „Практичното упатство“ кое е задолжително за постапување на сите корисници на средства од ИПА фондови, иако биле свесни дека е недозволиво, споделувале доверливи тендерски информации за условите за работење и „ТОР“ (Terms of references) за два ИПА проекти што се спроведувале во две министерства.

– Правното лице од Италија ги искористило неовластено споделените информации и изготвило понуда адаптирана на потребите и ги исполнило сите технички и финансиски услови. Воедно, обвинетата Ј.Г. во претходен договор со обвинетиот Ј.Ј. за едниот проект помогнала при изготвувањето на финансиската понуда на правното лице – апликант и ја прилагодила согласно на условите кои биле објавени во тендерот.  Со ваквите дејствија обвинетите му овозможиле на правното лице да има незаконита правна предност во однос на другите апликанти на тендерите и истото да биде избрано за изведувач на проектите, информираат од ОЈО.

Како награда за поддршката, се вели во соопштението од ОЈО, обвинетите од страна на италијанското правно лице освен со туристички патувања биле наградени и со парични средства.

– Првообвинетиот со дејствијата што ги извршил за себе прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 2.609.445,00 денари  или 42.430 евра, додека второобвинетата за услугите што ги извршила за време на спроведување на проектите противзаконито се стекнала со 3.508.698,00 денари, односно 57.052 евра кој износ правното лице го исплатило од паричните средства наменети за спроведување на проектот на нејзина сметка отворена во Р.Грција, информираат од ОЈО.

Од ОЈО, посочуваат дека со преземените дејствија обвинетите ја довеле во прашање законитоста на спроведените проекти.

– Европската Комисија согласно член 29.1 од Рамковната спогодба склучена меѓу Р.С.Македонија и Европската комисија за правилата за соработка во однос на финансиската помош на Европската Комисија за Република Македонија, во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА), преку Генералниот директорат за проширување и соседска политика, побарува поврат на средствата доделени за спроведување на проектите во висина од 982.307,65 евра за првиот проект, односно 771.620,20 евра за вториот проект. Износот во вкупна вредност од 1.753.927,85 евра треба да се врати на Европската Комисија, а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, информираат од ОЈО.

При претресот на домот, се вели во соопштението од ОЈО, на првообвинетиот во текот на 2019 година беше пронајдено оружје – пиштол марка „Luger“ што не e евидентиран во евиденциите за оружје и што обвинетиот неовластено го поседувал.

извор: МИА

Next Post

Адвокати во САД го повикаа Фејсбук да се откаже од детскиот Инстаграм

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk