ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев за грчки „Авги“: Грција е силен лобист за нашиот пристапен процес за членство во ЕУ и заедно одлично соработуваме на промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан

May 13, 2021 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Убеден сум дека наскоро грчкиот парламент ќе ги ратификува меморандумите за поддршка за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, за унапредување на економската соработка меѓу двете држави и Спогодбата за надгледување на небото над нашата земја како дел од заедничките политики во НАТО, за уште еден нов, значаен придонес за унапредување на билатералните односи со Грција со која активно соработуваме на промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, истакнува во интервјуто за грчкиот медиум „Авги“ претседателот на Владата Зоран Заев.

На прашањето на „Авги“ за актуелниот миг на евроинтеграцискиот процес на земјата, премиерот Заев нагласува дека за време на неговата европска агенда во Брисел изминатите два дена сите највисоки претставници на институциите на ЕУ јасно потврдија дека Северна Македонија ги исполни потребните услови за да ги започне преговорите за пристап и заслужува да продолжи во следната фаза на процесот без одложувања.

„Темите што го одложија овој процес се билатерални прашања и како такви не треба да се најдат на масата за која се разговара за пристапување на нашата земја во членство во ЕУ. Нашиот идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде. Сé додека некој се обидува, а гледаме дека се обидува, македонскиот јазик и македонскиот идентитет да го стави на европската маса за преговори, ние нема да преговараме. Ние ги исполнивме сите критериуми за отворање на преговарачкиот процес по поглавја, добивме безусловна препорака за почеток на преговорите, испорачавме и сега е на ред ЕУ да испорача“, нагласува Заев

Премиерот Заев во интервјуто за „Авги“ говори за огромните придобивки од Договорот од Преспа кој „отклучи“ огромен потенцијал за соработка меѓу двете земји, меѓу кои и исклучителната лоби поддршка на Грција за нашата земја да го започне пристапниот процес за членство во ЕУ.

„Имплементацијата на одредбите од Договорот тече според динамиката што ја имаат утврдено телата за соработка во различни сфери, особено во енергетиката. Ние продолжуваме со напорите да ги исполниме нашите обврски како што е предвидено во Договорот од Преспа. Важно е дека фокусот, добрата волја и одлучноста се свртени во таа насока и нема да дозволиме процеси кои можат да ги загрозат вредностите на Договорот од Преспа“, вели за „Авги“ премиерот Заев.

Грчкиот медиум покажа интерес и за справувањето на земјата со пандемијата и премиерот Заев информираше дека во Северна Македонија сега има доволно количества вакцини за да се заврши до крај масовна имунизација со која се предвидува до крајот на летото да се постигне колективна заштита.

„Имаме чести и редовни разговори со Атина, и формални и неформални, за пандемијата. Сега зборуваме главно за можните режими за патување во претстојниот период, бидејќи луѓето сакаат да ја посетат Грција, нашата традиционална дестинација за годишни одмори“, нагласи претседателот на Владата Заев во интервјуто на грчкиот медиум „Авги“.

Next Post

Денеска се регистрирани 123 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk