ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев и Пајат ги потврдија придобивките од Договорот од Преспа и регионалните економско-енергетски иницијативи

May 14, 2021 12:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вториот ден од посетата на Атина премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, на која двајцата ги потврдиле придобивките од Договорот од Преспа и силно ги поддржале регионалните економско-енергетски иницијативи.

Амбасадорот Пајат, информираат од владината прес-служба, му честиташе на премиерот Заев за импресивните постигнувања во изминатиот период нагласувајќи дека Договорот од Преспа е најпозитивното изненадување во неговиот досегашен петгодишен мандат како амбасадор на САД во Грција.

На состанокот, исто така, било подвлечено дека важноста и вредноста на Договорот од Преспа е уште поголема ако се има предвид тоа што новата грчка влада и премиерот Мицотакис го поддржаа и засилија пријателството и сојузништвото меѓу двете земји.

Заев и амбасадорот Пајат, се вели во соопштението, изразија огромно задоволство што денеска Грција не само што не е пречка за напредокот, туку силно и проактивно го поддржува европскиот интегративен пат на Северна Македонија.

Од владината прес-служба, информираат дека премиерот Заев изразил благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од САД во континуитет и особено за поддршката при склучувањето на Договорот од Преспа, а се разговарало и за економските можности кои се отворени со Договорот од Преспа.

– Премиерот и амбасадорот ја реафирмираа поддршката за економските комори да ги зајакнат соработките и да развиваат регионални економски проекти особено во сферата на зелената агенда, енергетиката како и обновливите извори на енергија. Амбасадорот ги поздрави напорите на Владата на Република Северна Македонија за целосно исфрлање на јагленот како ресурс за енергија за сметка на обновливите извори на енергија, се вели во соопштението.

На средбата, Заев и Пајат се осврнале на важноста од членството во НАТО и можностите за заедничко обезбедување на регионалната и глобалната стабилност и безбедност, а како примери биле посочени иницијативите за чување на небото на Северна Македонија од страна на соседните земји преку „ер полисинг”, како и развојот на Криволак во регионален НАТО тренинг центар.

Заев и Пајат, се вели во соопштението од владината прес-служба, изразија задоволство од развојот на регионалниот енергетски проект Александруполи со што се отвора можноста за сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите и пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни.

Next Post

Филипче на средба со поранешни министри за здравство: Се друго освен нов клинички центар е парцијално решение

НАЈНОВО

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk