ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Репортери без граници поднесоа претставка пред МКС поради израелското уништување на зградата со медиуми во Газа

May 17, 2021 09:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Репортери без граници (РСФ) во неделата поднесоа претставка пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) по израелските напади врз просториите во кои се сместени медиуми во Газа, сметајќи дека тие можат да бидат третирани како  „воени злосторства“, јави дописникот на МИА.

-Во текот на изминатата недела, просториите на 23 локални и меѓународни медиуми беа уништени од насочени израелски воздушни напади, вели РСФ во претставката, бомбардирањата беа  насочени кон канцелариите на палестинските и странските медиуми.

„РСФ смета дека намерното земање за мета на медиумите и целосното и намерно уништување на нивната опрема е воено злосторство според членот 8 од статутот од Рим“, се вели во писмото испратено вчера до Главниот обвинител на МКС, Фату Бенсуда.

„Израелската армија не им нанесе само значителна материјална штета на редакциите чии новинари, опрема и инсталации се под заштита како цивилното население. Исто така, таа го попречи медиумското известување за конфликт што директно и сериозно влијае на цивилното население, продолжува РСФ.

Во Газа, зградата од 13 ката во која се наоѓаа тимовите на катарскиот новински канал Ал-Џезира и американската новинска агенција Асошиејтед прес (АП) беше урната во саботата од неколку ракети. Израелската армија претходно побара евакуација на зградата. За израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, оваа зграда била „совршено легитимна цел“, тврдејќи дека се потпира на информации од разузнавачките служби.

РСФ потсетува дека веќе поднесено претставка пред МКС за „намерно земање како цел од израелската армија на неколку десетици палестински новинари кои известуваа за протестите наречени „Маршот на враќањето во пролетта 2018 година“.

Затоа РСФ го повикува јавниот обвинител да ги вклучи настаните во изминатите неколку дена во истрагата отворена во март за наводни злосторства на палестинските територии, иницијатива што ја отфрли Израел, но ја поздравија Палестинците.

Next Post

Единаесет американски сојузни држави го забранија воведувањето ковид-пасош

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk