ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ кочи закони во здравството одбраната и образованието (ВИДЕО)

May 17, 2021 11:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заради лични и партиски интереси на Христијан Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието кочат важни закони за граѓаните и државата, истакна на денешната прес конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се противи на новото законско решение со кое државата треба да добие нов модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.

„Во време кога ги надминуваме последиците од коронавирусот, во време кога е важна секоја инвестиција во здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ е против изградбата на најкапиталниот проект во историјата на македонското здравство.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат на штета и на одбрана, против интересите на припадниците на Армијата.

Со дури 2.000 амандмани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за служба во Армијата.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина и дополнителни поволности при пензионирање.

Јавноста сведочи и на обиди за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и во Комисијата за образование наука и спорт.

Пратениците од опозициската партија се против и новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со кој се исправа неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници кои се уште немаат засновано работен однос на неопределено време.

Се што е во интерес на граѓаните е предмет на блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Заради лични и партиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието.

Ова, почитувани е уште еден доказ за деструктивноста на партијата предводена од Мицкоски која освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните.

Затоа се и таму каде што се – во опозиција, затоа ги чека нов пораз од граѓаните веќе на претстојните локални избори во Октомври.“, рече Каевски на денешниот прес.

Next Post

Пладневен преглед: Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива, Спасовски се вакцинира укажувајќи дека тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, обезбеден темелот на новата политика

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk