Во денешното издание на ЦИВИЛ во живо, меѓу другото, станува збор и за две алармантни информации опфатени во анализата на ИФИМЕС, како и анализата „Десант за уривање на Зоран Заев“. Првата е дека во тек е разузнавачка операција за враќање на Груевски на власт, а втората е дека во таа операција се вклучени дури 160 медиуми.
Џабир Дерала потсети и на 17 мај 2015 година – најголемиот граѓански протест во историјата на државата на кој се побара крај за режимот на Груевски.
Воедно, Дерала потсети и на Меѓународниот ден за борба против хомофобијата.
камера и монтажа: Ариан Мехмети
Линк до целосната верзија на Фејсбук