ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Смената на генерации е многу здрава, новата политика на СДСМ значи повисок економски стандард и поголема грижа за граѓаните, работниците и земјоделците

May 17, 2021 18:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Смената на генерациите е многу здрава и досегашните кадри на партијата и натаму имаат уште многу да дадат и како дел од партијата и од државните функции кои ги имаат, изјави  премиерот и претседателот на СДСМ , Зоран Заев.

-Се работи за нормална, логична смена на генерации, дел од таа смена на генерации е и мојата позиција јас сум најавил до два мандати премиер согласно тоа и претседател на СДСМ. Секако, добив чест на непосредни избори во март за втор мандат од премиерскиот дел а третиот мандат претседател на партија. Сработија многу овие луѓе кои веќе не се на позиции, имаат сериозни државни позиции и имаат многу што да сработат. Обновувањето на енергија, нови идеи дава можност да секој напредува во партиско политичка кариера, да наметне свои погледи, визии, експертизи, а секако и да го шириме кругот на активни луѓе, изјави Заев во гостувањето на дневникот на Јавниот сервис.

Лидерот на СДСМ детално појасни дека во новите високи партиски органи доминираат младите и тоа ја дава потребната нова енергија, но, вели, досегашните кадри уште многу ќе придонесуваат за успесите и на партијата и на државата.

-Досегашните високи функционери се мои добри другари и тие продолжуваат заедно да работат, Радмила Шекеринска во Министерството за одбрана и тоа како има уште многу што да работиме со Армијата, членството во НАТО е сериозен успех којшто го постигнавме под нејзино раководство на одбраната. Но, нашата Армија во издигнувањето на нејзиното достоинство, дигнитет, операбилност, подготвеност е нешто на кое што уште многу што треба да работиме. Коста Петров е директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Мухамед Зеќири генерален секретар на Влада и таму има многу задачи и работа, подвлече Заев.

Тој го оцени 26. Конгрес на СДСМ како исклучително успешен, со нова енергија, додавајќи дека сега граѓаните со право ќе чекаат резултати од нивите кадри.
-Направивме една промена на генерациите, сега ги вградивме и добија шанса да бидат креатори на политики. Сето тоа ја позиционира СДСМ на едно многу повисоко ниво. Не е доволно тоа, сега луѓето ќе чекаат резултат од таквите нови кадри, но не е само новата политика на СДСМ во новите кадри. Новите политики за нас значат уште посериозно фокусирање кон зелената агенда тоа е еден од главниот приоритети но и сериозен потенцијал за инвестиции во нашата земја пред се заради економски кревање на стандардот. Дополнително фокусирање кон работниците кон земјоделците, кон стечајните работници затоа што таму има уште една категорија која се уште не е опфатена со сегашните решенија односно свртување кон левичарските политики, затоа што сме левичарска партија, посочи Заев.
Тој истакна дека СДСМ и Владата се водат по примерите на развиените држави како Португалија и Шведска и тоа што таму дава резултат, вели, треба да се примени и во нашата држава доколку е применливо и во нашите околности.
-Сакаме нашите граѓани да го доживеат тоа, за да доживеат повисок стандард, повисок квалитет. Сето тоа е дел од новите политики, заклучи претседателот Заев.
Next Post

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се вакцинираше против Ковид-19

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk