ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска во Анкара: ТИКА продолжува со инвестиции во образованието во Северна Македонија

May 18, 2021 10:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Турската агенција за соработка и координација ТИКА ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата на Република Северна Македонија за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, инвестирајќи во повеќе негови сегменти, со особен фокус на инфраструктурните проекти. Ова беше потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со претседателот на ТИКА Серкан Кајалар која се одржа во главниот град на Турција, каде делегација од МОН во која покрај министерката е и заменик министерот Арафат Шабани, е во неколкудневна посета.

„Особено ни е драго што ТИКА секогаш ги препознава и долги години ги поддржува напорите на државата за развој на образованието и што како претседателство потврдувате дека таа поддршка не само што нема да запре, туку и ќе се интензивира. За нас тоа е многу важно во овој период  во кој во тек е имплементирање на реформите предвидени со неколкугодишниот план на МОН и на Владата“, рече Царовска за време на средбата, заблагодарувајќи се на агенцијата за сите досегашни инвестиции кои се плод на одличното партнерство помеѓу двете земји.

 

Претседателот на турската агенција за соработка и координација Кајалар рече дека Северна Македонија е многу значајна земја за Турција и затоа продолжуваат да го поддржуваат развојот на сите општествени сегменти, вложувајќи во одржливи проекти особено во образованието, здравството и инфраструктурата. Тој ги поздрави напорите на државата за унапредување на квалитетот на образованието, а особено се осврна на  јакнењето на капацитетите на наставниот кадар, како клучна алка во системот од која најмногу зависи создавањето на добри генерации на ученици.

ТИКА во Северна Македонија е активна 15 години и досега има реализирано десетици инвестиции во изградба на нови или реконструкција на постојни училишни објекти во повеќе општини во државата со граѓани од различна етничка припадност.

 

Next Post

Индија во последните 24 часа регистрира најмногу умрени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk