ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска во Анкара на средба со турскиот министер за образование Зија Селчук

May 18, 2021 15:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јакнење и интензивирање на соработката во областа на образованието посебно во делот на реформите во основното и средното стручно образование беше тема на разговор на денешниот работен состанок во Анкара (Р. Турција), на министрите за образование на двете земји, Мила Царовска и Зија Селчук.

На состанокот Царовска и Селчук разменија искуства во врска со новите технологии што се применуваат во образованието, заедничките истражувања во областа на образованието, како и подготовка на образовни материјали и соработка во делот на научно истражувачки проекти.

Министерката Царовска на состанокот се заблагодари за поддршката што Сeверна Македонија ја добива од Република Турција во делот на осовременувањето на образованието.

Министерот Селчук ги поздрави напорите на Северна Македонија за подобрување на условите во образованието и истакна дека Турција е силен партнер и поддржувач на Северна Македонија во реализирањето на овие процеси.

Двајцата министри разменија искуства во врска со наставата во време на пандемија и се согласија дека пандемијата ги забрза процесите на трансформација во образованието кои даваат можност за долгорочни промени, унапредување и осовременување.

Делегацијата од Северна Македонија во чиј состав освен министерката Царовска се и заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики, Ѓонул Бајрактар е предвидено да се сретнат и со Претседателот на големото национално собрание на Р.Турција, Мустафа Шентоп. Претходно го посетија Централното седиште на ТИКА кадешто разговараа за поддршка во делот на училишната инфраструктура во Северна Македонија.

 

Next Post

Пендаровски за протерувањето на рускиот дипломат: Случајот е документиран, не е импровизација

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk