ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Директорот на Пазарен инспекторат кажал многу невистини за увозот на мазут

May 18, 2021 16:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерство за економија во текот на денот ќе побара од надлежните институции да постапат и да ги проверат тврдењата за увоз на опасен мазут во земјава, но ние не сме надлежни да се мешаме во работата на инспекторатите, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Согласно последните законски измени инспекторатите во државата се подредени и одговараат пред Инспекцискиот совет и пред Владата, но не и пред Министерството за економија. Како Министерство пред две години набавивме независна мобилна лабораторија која е во сопственост на Бирото за метрологија на државата. Директорот на Државниот пазарен инспекторат до овој момент ја користел само еднаш во последните две години. Јас не би сакал да го користам зборот дека во тоа истражување директорот лажел, но кажал многу невистини имајќи во предвид дека токму ова мобилна лабораторија можело да се користи да се направат такви проверки, а тој ниеднаш ниту се обратил во Министерство за економија, ни во Бирото за метрологија, не ни ја известил Владата ако имал такви сознанија, рече Бектеши во одговор на прашање зошто како надлежен министер немал сознанија дека во земјава се увезува опасен мазут.

Нагласи дека Министерство за економија немале такви сознанија и додаде дека Пазарниот инспекторат не ја користел државната мобилна лабораторија и продолжил да ги користи приватните лаборатории.

-Не е вистина дека единствен критериум за увоз на мазут е нивото на сулфурот. Во правилникот за квалитетот на течните горива во втората одредба е наведено дека треба и други карактеристики да се исполнуваат согласно стандардот МК Б.Х.430 и таму е и нивото на пепел, и нивото на количината и слично. Тие контроли требало да ги направи Пазарниот инспекторат. Ги повикувам новинарите и надлежните институции да направат проверка на начинот како се правеле таквите контроли од страна на Пазарниот инспекторат и другите институции, вклучувајќи ја тука и Царинската управа, рече Бектеши и нагласи дека Министерството се погрижило да им обезбеди алатки за тие да спроведат контроли согласно сите стандарди.

извор: МИА

Next Post

Се бара супер анализа за македонското брашно што се увезува во Косово

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk