ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Оперативниот лизинг најповолното решение за набавката на владините возила

May 19, 2021 14:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Оперативниот лизинг, според проценките е најповолното решение, бидејќи освен за гориво нема друго буџетско трошење, истакна денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање да ја појасни одлуката на Владата да набави 45 моторни возила и покрај реакциите на јавноста во врска со нерационалното трошење буџетски средства.

Набавката на 45 моторни возила беше соопштена по вчерашната владина седница. Владата ја разгледала и ја усвоила Информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжила да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци.

-Оваа одлука е донесена врз основа на карактеристиките на сите разгледани можни начини за набавка на моторни возила, обврските кои произлегуваат од нив, како и од аспект на искуствената примена на оперативниот лизинг досега, и согласно сите сознанија, Владата го прифати мислењето на СОЗР дека најдобра опција е да се спроведе повеќегодишна јавна набавка на моторни возила по пат на оперативен лизинг заради помалите финансиски оптеретувања, стои во вчерашното владино соопштение.

Арсовски, пак, денеска вели дека оперативниот лизинг според проценките е најповолното решение, бидејќи освен за гориво нема никакво буџетско трошење, во тој период на користење на возилата. -Ваквиот начин покрива каско осигурување сервис и резервни делови  што со поинаков модел би паднал на товар на државниот буџет, додаде тој.

Владиниот порпарол истакна дека набавката се однесува на возила кои ќе ги користат министрите, другите владини фунцкионери, а ќе бидат користени и за странските делегации, кои ќе престојуваат во земјава.

-Износот на набавката, техничката спецификација на возилата и другите критериуми ќе бидат прецизирани во јавната набавка, која ќе биде објавена наредните денови. Техничката спецификација претходно ќе биде одобрена од приватна инстуитуција, додаде Арсовски.

извор: МИА

Next Post

Потребна е детална анализа за поврзаноста меѓу хроничните болести и смртноста од Ковид, смета Филипче

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk