„Вредно е да се види колку тежи секоја политичка партија во базенот на гласачи“ кажа заменичката претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето на „24 анализа“ запрашана за самостојниот настап на помалите партии од коалицијата „Можеме“ на престојните локални избори.
„Времето ќе покаже до кој чекор и како ќе се одвиваат овие сценарија од малите политички партии. Сепак сме заедно во пратеничката група во парламентарното мнозинство“ рече Лукаревска.
Таа додаде дека внимателно се следат и случувањата со независните листи на пореншени високи партиски функционери во Охрид.
„Би било погубно за структури кои имале високи партиски функции да го гледаат само личниот интерес, наспроти победите и развојот на СДСМ. Доколку е така и самиот електорат и граѓаните ќе го препознаат тоа“ кажа Лукаревска.







