ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Преку Национална платформа до економско јакнење на жените

May 21, 2021 13:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

За креирање на вистински политики кои ќе придонесат за унапредување на женското претприемништво во земјата потребно е да се обединат сите главни чинители, што ќе се постигне преку креирање на Националната платформа за женско претприемништво, порача Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени, на промоцијата на Националната платформа.

„Националната платформа за женско претприемништво“ е проект кој ќе трае три години и е во рамките на истоимениот проект, кофинансиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми, а нејзини носители се Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување-МИР.

-Преку Национална платформа за женско претприемништво сакаме да ги споиме сите активни чинители на ова поле и да создадеме поголема критична маса која ќе ја покаже потребата од посериозен пристап, во создавањето на можности за раст и развој на женското претприемништво во нашата држава. Главна цел на проектот е, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, за креирање на јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво. Со инвестирањето во жените ќе се зголеми родовата еднаквост во општеството и ќе се промовира инклузивен и одржлив развој, рече Дисоска.

Националната платформа за женско претприемништво, додаде, треба да се изгради како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, и да овозможи промовирање на жените претприемачки како двигатели на промените. Јакнењето за женското претприемништво, посочи, ќе придонесе  за економско јакнење на државата и општеството.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека политиките и мерките кои ги презема Владата се во насока на создавање на кохезија.

-Се стремиме кон една иста цел – европско општество во кое владее комплетна родова еднаквост и во кое жените од сите националности ќе бидат присутни во сите сфери на претприемништвото, индустријата и водењето на бизниси. Владата ги интегрира жените преку нивно стимулирање и охрабрување да се вклучат во создавање на сопствен бизнис и да ја почнат својата бизнис приказна, рече Битиќи.

Нагласи дека лично силно верува во потенцијалот на женското претприемништво и смета оти иднината на нашето европско општество во голем дел ќе се рефлектира токму таму.

-Чувствувам дека жените секојдневно стануваат се похрабри, а ние како Влада секојдневно им ги овозможуваме соодветните услови и околности да започнат сопствен бизнис и да си ги остварат сопствените цели, потенцира Битиќи.

Посочи дека очекува во наредните години да добиеме сосема поинаква слика и статистика за состојбата на женското претприемништво и оти е сигурен дека во голема мера веќе се остварени целите на стратегијата, а пречките и проблемите, како што рече, полека ќе ги надминеме.

Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори рече дека е загрижувачки фактот што додека се поголем број на држави во Европа, воведуваат законски загарантирано учество на жени на високи и одлучувачки функции, кај нас се бележи голем негативен тренд на ова поле.

-Податоците покажуваат, дека застапеноста на жените на високи корпоративни позиции, се намали од два на еден отсто. За да се надмине оваа состојба, и да се постигне економско јакнење на жените, потребни се нови политики, кои ќе ги гарантираат заслужените позиции на жените, вреднувањето на нивните квалитети, квалификации, способност и спречување на дискриминација при професионалното напредување, посочи таа.

За Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, развивањето на женското претприемништво ќе резултира со силна економија, намалена невработеност, поголемо учество на пазарот на труд, зајакнати семејни односи на сите жени, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.

-За многу рурални жени, развивањето на женското претприемништво, значи ставање крај на сиромаштијата, постигнување на безбедност со храна, промовирање на одржливо земјоделство и постигнување на родова еднаквост во руралните средини. Затоа е многу важно вклучување на жените во одлучувачките процеси на земјоделското стопанство и создавање на можности да развиваат деловни активности. Жените од руралните средини, се вклучени во неформални активности и имаат многу малку можности за вработување, а се уште само пет отсто  од нив имаат права за сопственост, рече Мојсовска и нагласи дека Националната платформа за женско претприемништво е голем чекор кон економско јакнење на жените.

Проектот Национална платформа за женско претприемништво, според Емилија Андонова, проект менаџер во Фондација за менаџмент и индустриско истражување –МИР, треба да придонесе за видливоста и опфатот на платформата.

-Со креирањето и имплементацијата на Националната платформа за женско претприемништво, сакаме нашето, и искуството на сите наши соработници, да го примениме во процесот на развој и креирање на политики и реформи, да извршиме олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни, да ги подобриме капацитетите на граѓанските организации кои поддржуваат женско претприемништво, како и да ја зголемиме видливоста за жените претприемачи како двигатели на промени во економската политика, истакна Андонова.

На денешниот промотивен настан, беше потпишана Декларација за поддршка на женското претприемништво.

извор: МИА

Next Post

Тасевска: Економските мерки и политики дадоа резултат, економијата оди напред по сите параметри

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk