ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Развојот на женското претприемништво и надминувањето на стереотипите ќе донесат напредок на целото општество

May 21, 2021 14:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Еднаквост во општеството, еднаков пристап до ресурси на мажите и жените, еднакви шанси за напредок, рамноправност за сите… Вакво општество креираме и кон оваа цел како Влада се стремиме“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во своето обраќање на денешниот настан на кој беше промовирана ,,Националната платформата за женско претприемништво”.

Овој проект е  финансиран од Европската Унија, а предводен од страна на Здружението на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.

„Зајакнувањето на економската активност на жените и нивното учество на раководни позиции во јавниот и во приватниот сектор е важен предуслов за постигнување на родовата еднаквост во нашата држава“, истакна министерката Шахпаска и додаде дека Министерството за труд социјална политика посветено работи  на унапредување на статусот на жените и мажите во сите области на општественото живеење.

Министерката подвлече дека Стратегијата за женско претприемништво 2019-2023 година предвидува економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување на поддршка за развој на нивниот претприемнички дух, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија. Притоа додаде дека Министерството сериозно работи на зголемување на процентот на учество на жените на пазарот на трудот преку различни политики, вклучително и преку активните програми и мерки за вработување.  Потврда за тоа се 4898 жени кои учествувале во активните програми и мерки во 2020 година, односно 44,5 проценти.

Таа го истакна високиот процент на мерката субвенционирање на плати  од 49 проценти, потоа учеството во мерката , вработување и раст на правни субјекти од 48 проценти, но и се уште  ниското  учеството во програмата „поддршка за самовработување“ од 32 проценти.

„Се бориме против традиционалните стереотипи за улогата на жената во семејството кои пандемијата со Ковид-19 дополнително ги нагласи.  39 % од жените постари од 18 години секојдневно се грижат за децата, старите лица и изнемоштените. Според податоците од Државниот завод за статистика, во урбаните средини жените поминуваат 3 часа во домашни активности, (наспроти 1 час за мажите), и 4 часа и 22 минути во руралните средини (наспроти 1 час и 19 минути за мажите)“ информираше министеркта.

Токму согледувајќи  ја потребата од обезбедување на подобар баланс помеѓу домашните обврски и работата на жените, како и нивно поголемо учество на пазарот на трудот, министерката Шахпаска го посочи зголемување на капацитетите за грижа и воспитување  на деца на предучилишна возраст , како особено значајно.

„Сериозно вложуваме во изградба на нови и проширување на постојните детски градинки, со цел да го зголемиме опфатот на деца, а со тоа да им овозможиме на мајките активно да се вклучат на пазарот на трудот. За осум месеци отворивме 11 нови градинки со капацитет од 670 деца, а до крајот на годината ќе отвориме уште 13 нови градинки и со кои ќе се опфатат дополнителни 1400 деца. Во новиот системски Закон за работните односи го менуваме концептот на породилното отсуство и воведуваме родителско отсуство и за татковците“ ,потенцираше министерката .

Таа информираше дека во финална фаза е новата Стратегија за родова еднаквост за периодот 2021-2026 година во која еден од стратешките приоритети е зголемувањето на учеството на жените на пазарот на трудот. Во неа ќе се адресираат мерки за поттикнување на жените како носители на инвестиции и претприемачки, за креирање на сопствени бизниси.

„Министерството за труд и социјална политика подготви и нов Закон за родова еднаквост со кој треба да се воспостави и унапреди родовата еднаквост во сите области на општествено живеење. Со ова ново законско решение се утврдуваат надлежностите на одговорните субјекти за негова имплементација, како и посебните родови механизми“, рече Шахпаска.

И сосема на крајот таа упати порака до сите жени, да се охрабрат, да бидат креативни, упорни, амбициозни, свои  и да ги искористат своите потенцијали.

По обраќањето до присутните претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници од Делегацијата на Европската унија во земјава, Националната федерација на фармери,  Државниот инспекторат на труд , Сојузот на стопански комори, министерката Шахпаска заедно со останатите учесници на настанот ја потпишаа  Декларацијата за поддршка за женското претприемништво.

 

Next Post

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана се виеше оро на песната „Бисер балкански“

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk