ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен кон крајот на 2023 или на почетокот на 2024 година, најави министерот Бочварски

May 21, 2021 15:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е меѓу приоритетите на Владата. Посебен тим на Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта работат максимално на приоритетните проекти за да ја оспособиме комплетната траса за работа.

Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој изврши увид на автопатот во изградба Кичево-Охрид, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и неговиот заменик. Тие остварија средба со надзорот на овој автопат, од каде ги добија сите неопходни информации во врска со моментална состојба на автопатот.

 – 20 инфраструктурни проекти се готови и може на дваесетина нови позиции непречено да се работи. Она што го гледаме на терен се преку 356 градежни машини и над 730 работници, кои секојдневно работат за да го испорачаме овој автопат на граѓаните, нагласи Бочварски.

Во однос на шпелулациите дека автопатот поскапел, дека се потребни дополнителни средства, Бочварски истакна дека таквите информации не се точни. Цената, како што рече, е утврдена во 2018 година на 598.000.000 евра и не станува збор за дополнително поскапување.

-Од новиот автопат досега се асфалтирани 31 проценти од првиот слој на асфалтот, изградени се над 3.500 метри потпорни ѕидови, а ископот е завршен со 53 проценти. Завршени се дополнителни проекти за деветте клучки. Во тек е експропријацијата на земјиштето за косините, конструкцијата на тунелот е завршена, останува да се заврши електричната и инасталациона мрежа, изјави министерот Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми соопшти дека се на увид на автопатската делница Кичево-Охрид, во должина од 57 километри и информираше за динамиката на изградбата на овој автопат.

-Се работи на земјени работи на поголем број на вијадукти, клучки, пристапни патишта, потпорни ѕидови, надпатници и потпатници, а како најимпресивен објект на овој автопат го истакна конзолниот  вијадукт кај село Добреноец со височина од 70 и должина 520,7 метри. Вкупната реализација од досегашната изградба на автопатот изнесува 322,4 милиони евра, рече директорот Рустеми.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Бочварски одговори дека според зацртаната динамика и интензитет на градба се очекува овој автопат да биде завршен кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.

Во однос на незадоволството на жителите од Строгомиште поради трасата на новиот автопат  Кичево-Букојчани, за која бараат да се дислоцира од нивното село, Рустеми вети дека околу 4 километри од оваа патна делница ќе бидат дислоцирани за да нема реакција од жителите на ова село. Истакна дека се бара најпогоден понудавач и до крајот на годината да започне изградбата на  дел од автопатот во должина од 7 километри.

извор: МИА

Next Post

Објавен јавен повик за пријавување на хотели за прием на гости со ваучери за туризам за работници со ниски приходи

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk