ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Силва: Цел ни е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ

May 21, 2021 18:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина е мошне важно да се разговара лице в лице особено за вакви работи. Тоа се важни и клучни средби за дипломатската работа. Имавме навистина плодна работна средба и таа ни даде увид во позициите во интересите и во ставовите на Северна Македонија, а сметаме дека тоа ќе ни помогне во нашата работа со претседателствувањето.  

Ова го изјави шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје.

Според него, проширувањето како процес е навистина важен не само за земјите-кандидати, туку и за целата Европа затоа што токму тоа ќе ни овозможи безбеден, стабилен и просперитетен регион.

-Во тек е како што знаете португлаското претседателство со ЕУ, и еден од на најважните процеси којшто е приоритетен за нас, секако е проширувањето. Тоа е навистина битно прашање за нас и во моментов имаме два тековни процеси и сме во очекување да ги одржиме првите меѓувладини конференции со С Македонија и Албанија, рече Силва.

Силва истакна оти очекува извесно унапредување и, како што рече, се надеваме дека ќе успееме да ја подобриме преговарачката рамка која што се однесува на Северна Македонија и на Албанија. 

-Секако нашата цел во текот на нашето претседателство со Советот на ЕУ е да добиеме согласност  од сите земји членки на ЕУ, за да ја започнеме преговарачката рамка со Република Северна Македонија и со Албанија, и да ја одржиме првата меѓувладина конференција и со двете земји, рече тој, додавајќи оти за нив било од голема важност да одржат политички консултации и во Скопје со македонските власти.

Претходно, премиерот Зоран Заев за предлог решенијата на Силва и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека „имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое сме убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија“.

Силва и Вархеји денеска беа во Скопје и Софија за да разговараат со официјалните претставници на двете земји за проширувањето на ЕУ и можноста за одблокирање на процесот со цел одржување на првата меѓувладина конференција со С Македонија. Претходно во Софија, Силва и Вархеји се сретнаа со бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој рече дека Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Северна Македонија.

Next Post

МОК: Игрите во Јапонија ќе се одржат дури и ако постои вонредна состојба во земјата

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk