ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рајанер полета од Минск за Вилнус

May 23, 2021 22:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Полицијци го спречуваат Роман Протасевич да известува од протестите. во Минск. 26 март 2017 година. (фото: EPA-EFE/STRINGER)

Полицијци го спречуваат Роман Протасевич да известува од протестите. во Минск. 26 март 2017 година. (фото: EPA-EFE/STRINGER)

Авионот на компанијата Рајанер, што денеска принудно слета во Минск, го продолжи патувањето кон Вилнус, изјави еврокомесарката за сообраќај Адина Валеан.

Полетувањето на авионот на Рајанер таа го оцени како „прекрасна вест за сите, посебно за семејствата и за пријателите на патниците во авионот“.

Претходно, по наредба на белоруските власти авион на Рајенер, што сообраќаше од Атина за Вилнус, принудно слета во Минск. По слетувањето на авионот беше уапсен е еден од главните блогери и активисти на опозицијата, Роман Проташевич.

Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото.

Според белоруската државната новинска агенција БеЛТА, претседателот Александар Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион.

Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Тој во Белорусија е означен како екстремист.

Лидерите на ЕУ го осудија принудното слетување на авионот во Минск и апсењето на Проташевич.

– Тоа е целосно неприфатливо. Сметаме дека белоруската Влада е одговорна за безбедноста на сите патници во тој авион. На сите патници мора да им биде дозволено веднаш да го продолжат патувањето, напиша на Твитер шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел исто така ја повикаа Белорусија „да ги ослободи сите патници.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки го нарече апсењето на Проташевич „чин на државен тероризам“.

Генералниот секретарт на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека принудното слетување на авионот на Рајанер во Минск е „сериозен и опасен инцидент“ и побара меѓународна истрага.

Претходно, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Твитер напиша дека „присилното слетување на комерцијален авион за притворање новинар е невиден, шокантен чин“.
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа побара од Белорусија да го ослободи Проташевич.

– Ги повикувам сојузниците на НАТО и ЕУ веднаш да одговорат на заканата што ја претставува белорускиот режим за меѓународните цивилни летови. Меѓународната заедница мора да преземе итни чекори за да спречи тоа да се повтори, истакна Науседа.

Next Post

Заев: УКИМ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk