ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев- Брнз: Политиките на дијалог отвораат перспективи, САД со поддршка за следниот чекор во евроинтеграциите

May 26, 2021 15:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Кејт Брнз, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја.

На состанокот е реафирмирано партнерството меѓу Северна Македонија и САД, a истакнати се и пораки за континуиран напредок во реформите и во борбата против корупцијата.

Констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се заинтересирани за позитивни процеси во регионот.

Во таа насока е пренесена  поддршка од САД за натамошен напредок на Северна Македонија, по НАТО – и во процесот на европските интеграции. При тоа е изразена заедничка согласност дека е време да продолжи проширувањето на ЕУ, коешто ќе значи охрабрување за целиот Западен Балкан, заедно со НАТО перспективите, државите од регионот да продолжат да се развиваат според демократските вредности.

Премиерот Заев се заблагодари на големата поддршка од САД, како клучен стратешки партнер во развојот и во демократизацијата на Северна Македонија и најави дека нашата држава и натаму ќе дава аргументи за да продолжи поддршката од САД и од меѓународните пријатели.

„Фокусирани сме кон позитивен развој на настаните во врска со следниот чекор во евроинтеграциите, како и кон развојот на добрососедските односи со Бугарија. Продолжуваме и со реформското темпо, како и со борбата со криминалот и корупцијата. Владата е цврсто определена кон поддршка на независноста на судството и еднаквост на секого пред законите. Со смирувањето на пандемијата очекуваме засилување на темпото на големиот инвестициски план што го имаме, а чијашто цел е унапредување на животниот стандард на граѓаните на економски план и според европските вредности“, рече премиерот Заев.

На состанокот е поздравена определеноста на Владата кон успешно справување со криминалот и корупцијата. Исто така, заеднички е оценето дека е важно сите политички субјекти да дадат свој придонес во Парламентот, за прашањата од полза на граѓаните.

„Градењето консензус и политичкиот дијалог се здрави за секое демократско општество и како земја членка на НАТО и држава којашто има за цел да стане членка на ЕУ, силно сме посветени на ваквиот начин на работа“, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано и за можностите за унапредувања на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија, во областа на здравството, енергетиката, економијата, како и за подготовките за претстојните локални избори во нашата држава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шаќири: Именувањето на политичари на високи раководни места доведува и до политички влијанија во постапките за вработување

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk