Кока-Кола овие денови одбележува 100-ти роденден откако за првпат се појавија нивни акции на берза.
Акциите на Кока-Кола за првпат се појавија на јавна понуда во 1919 година, откако Аса Кандлер ја продаде компанијата на Ернест Вудруф и неговите деловни партнери.
За да соберат средства за раст на компанијата, тие понудија 500.000 акции на јавноста по цена од 40 долари. Во 1919 година, Кока-Кола се продаваше на само шест пазари надвор од континенталниот дел на САД. Денес е присутна во повеќе од 200 земји.
Кока-кола беше единствен производ на Кока-Кола со децении, но со текот на времето нејзиниот опсег се прошири за да вклучува повеќе од 500 различни производи, вклучувајќи кафе, спортски пијалоци, сокови, чај и многу повеќе.
Во исто време кога компанијата растеше, исто така и нејзината вредност растеше. Почетната акција од 40 долари со реинвестирана дивиденда денес би вредела повеќе од 18 милиони американски долари, или дури 450.000 пати повеќе од првичната вредност.