ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Нема компромис кога станува збор за правото на образование на мајчин јазик

Претседателот порача дека државата мора да посвети повеќе внимание и, пред сè, ресурси за имплементација на правата на заедниците.

December 10, 2019 21:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Напредокот на Република Северна Македонија во однос на правата на заедниците е резултат на политичката волја, на законските решенија, на демократското зреење на државата, на усвојување на европските стандарди, но, и природен тек на традиционално добриот соживот, меѓусебното почитување и разбирање меѓу нашите граѓани, истакна претседателот Стево Пендаровски на панел-дискусијата на тема „Правата на помалобројните заедници во нашата земја“ во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, пренесе МИА.

Тој порача дека државата мора да посвети повеќе внимание и, пред сè, ресурси за имплементација на правата на заедниците.

-Не смееме да правиме компромиси и импровизации кога станува збор за правото на образование на мајчин јазик, за зачувување на културата и традицијата на сите помали заедници. Верувам дека клучна е правичната застапеност во институциите. Не би сакал да звучам како ништо да не е направено досега на ова поле, затоа што многу работи се направени, туку сакам да поттикнам доследно и до крај да се имплементира правичната застапеност во администрацијата и да важи подеднакво за сите етнички заедници, истакна Пендаровски.

Претседателот во својот говор даде поддршка и за иницијативата за измени и дополнувања на Законот за празници, според кои се предлага воведување на десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“.

-Предлогот предвидува и останатите граѓани, припадници на помалите заедници да имаат свој неработен ден, датум што е битен за нивната историја, традиција и култура. Овој предлог заслужува поддршка затоа што е дефинитивно во духот на градење на општество на еднакви граѓани. Поради тоа и очекувам да се најде во собраниска процедура и да биде усвоен, рече Пендаровски.

Република Северна Македонија има добра основа да се посвети на изградбата на автентичната функционална мултиетничка демократија, порача вицепремиерот Бујар Османи, повикувајќи се на составот на населението, историскиот контекст на поднебјето, како и на според него, ужасните последици од неодговорното однесување во однос на негата меѓу заедниците.

Османи нагласи дека државата со креирањето на односите со нашите соседи се посочува како пример за градење на добрососедските односи, но и како автентичен модел на Балканот, за тоа како се негуваат односите меѓу заедниците внатре во самата земја.

Вицепремиерот потсети и на неодамнешната сесија на Венецијанската комисија, каде што, според него, Комисијата ги поздравува напорите на Владата и на државата да обезбеди проширување на употребата на јазикот, и тоа над минималните норми кои важат за националните малцинства. Османи рече дека придобивките од  регулацијата на односите во Северна Македонија не се однесуваат само на македонската и албанската заедница, туку и на ромската, српската, босанската, влашката и другите заедници.

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман рече дека улогата на Агенцијата е клучна во остварување на правата на заедницата и дека токму поради тоа, Агенцијата треба да прерасне во активен и ефикасен чинител. Рахман го истакна искуството од експертското советодавно тело во кое членуваат професорот Алесандро Симоне од Италија, Јагода Новак од Хрватска и Ерван Фуере како вонреден соработник во истражувања во Центарот за европски политики во Брисел, за кои рече дека нивните препораки ќе бидат движечка сила на Агенцијата.

Next Post

Законски измени и правилници за барањата на родителите на деца со попреченост

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk