ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лорен де Кар – првата жена на чело на Лувр

May 27, 2021 15:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За првпат од основањето, музејот Лувр ќе го води жена – поранешната директорка на музејот Орсеј, Лорен де Кар, ќе го замени Жан-Лик Мартинез на позицијата претседател – директор на познатиот париски музеј, отворен кон крајот на 18 век.

Лорен де Кар (54) беше назначена за нов претседател-директор на Лувр на 26 мај со одлука на францускиот претседател Емануел Макрон. Новата функција ќе ја преземе на 1 септември од Мартинез, кој на чело на Лувр е веќе осум години и се надеваше на трет мандат.

Археолог по образование, по потекло од работничката класа, Мартинез стана директор на Лувр во 2013 година по повеќедецениско владеење на историчари на уметност од повисоките општествени класи. Именувањето на Де Кар, која потекнува од француско благородништво, од семејство на еминентни писатели и е експерт за сликарство од 19 век, ја продолжува поранешната традиција.

Лорен де Кар ја започна својата кариера како кустос во Музејот Орсе во 1994 година, по што ја презеде Агенцијата за француски музеи во 2007 година, владино тело одговорно за отворање на Лувр во Абу Даби. Проектот вреден десет милијарди евра беше отежнат со одложувања и зголемено незадоволство во Обединетите Арапски Емирати, а кога Мартинез го презеде Лувр, тој ја смени Де Кар и го назначи Жан Франсоа Шарние за шеф на Агенцијата на кустоси и археолози.

Лорен де Кар стана директорка на Музејот Оранжери, посветен на импресионизмот, во 2014 година, а во 2017 на Музејот Орсеј, во која беше особено фокусирана на социјалната улога на музејската институција.

Лорен де Кар во своите први изјави вети продолжено работно време на Лувр, кое во моментов трае до 17:30 часот, а нејзината желба е да привлече помлада публика. Патем, тоа беше потег што го планираше Мартинез со цел да ја зголеми посетеноста на Лувр, отворен во 1793 година.

Според француското Министерство за култура, приоритетите на новата директорка ќе бидат зајакнување на дијалогот меѓу „античката уметност и современиот свет“, како и проширување на музејската публика, со посебен фокус на младите.

 извор: МИА

Next Post

Бектеши- Абдрашов: На почетокот на јули ќе се одржи првата Македонско-Казахстанска комисија за трговска и економска соработка

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk