ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши- Абдрашов: На почетокот на јули ќе се одржи првата Македонско-Казахстанска комисија за трговска и економска соработка

May 27, 2021 15:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Н.Е. Жанибек Абдрашов.

Тема на состанокот помеѓу амбасадорот Абдрашов и министерот Бектеши беше одржувањето на првата седница на Македонско-Казхстанската комисија за трговска и економска соработка која е закажана за почетокот на јули оваа година.

Министерот Бектеши потенцираше дека постојат големи можности за продлабочување на соработката помеѓу двете земји, пред се во делот на енергетика, рударство, животна средина, земјоделство, индустрија, инвестиции, туризам и транспорт, за што ќе се разговара на пленарната сесија од Првата Македонско-Казахстанска седница.

Според податоците за билатералната трговија, вкупната трговска размена помеѓу Северна Македонија и Казахстан има релативно мал обем и бележи намалување во периодот од 2018 до 2020 година.

Министерот Бектеши изрази надеж дека во наредниот период овие бројки ќе се променат пред се како резултат на напорите на двете земји да се зајакне економската соработка и секако иницирање на инвестициски активности меѓу Северна Македонија и Казахстан.

Министерот Бектеши нотираше дека Владата посветува големо внимание на поттикнување и на странските и на домашните инвестиции. Затоа земјата е целосно отворена за продлабочување на економската соработка и за поврзување на бизнис заедниците од двете држави за што ќе имаат бенефит и граѓаните и државите.

На состанокот се разговараше и за инвестициите во делот на енергетика кои што е предвидено да се реализираат во наредниот период, пред се во делот на гасното поврзување во регионот што ќе значи диверзификација на изворите на енергенси за компаниите и за граѓаните.

На средбата беше изразена заедничка согласност дека постои голем потенцијал за развој на односите помеѓу Северна Македонија и Казахстан во области значајни за граѓаните на двете држави.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Џафери на онлајн симулација на тема „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk