ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери на онлајн симулација на тема „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“

May 27, 2021 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ми претставува задоволство што денес сме собрани на овој начин и во овој број со цел да разговараме и разработиме тема која е од исклучително големо значење за функционирањето на една држава и нејзиниот систем, притоа, водени од искуствата кои ни ги донесе 2020-та и дел од 2021-ва година.

Работата во која било сфера, а особено во системот на државното управување бара постојано анализирање, преиспитување, менување доколку се укаже потреба од тоа со цел подобрување и прилагодување на секој нов, неочекуван или непредвидлив момент кој може да предизвика нередовно или дисфункционално работење.

Годината што е зад нас, не само што беше огромен удар врз здравствениот и финансискиот сектор, не само што беше тешка и неизвесна за граѓаните кои живееја во страв од губење на здравјето, животот, работните места, туку беше и алармно будење кое ни ги разоткри сите слабости, празнини и нејасности во функционирањето. Токму затоа ова треба да ни биде научена лекција за која ќе треба во иднина да бидеме подготвени да ја примениме. Овие два дена посветени на симулацијата за обработување на темата „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“, ги сметам за значајни во насока на придонесот кон планирање на идните активности на сите чинители во ситуација на криза, односно, законодавната, извршната власт и се разбира стручната јавност.

Тоа што јас како Претседател на Собранието и почитуваниот Премиер Заев сме дел од оваа симулација денес, меѓутоа и сите други учесници кои придонесувате секојдневно во развивање на општествените процеси, е јасна потврда дека сме поборници на тоа да се биде подготвен за секаква наредна криза. Преку дводневната анализа на постојната состојба и досега уредениот начин на справување со криза, улогата и одговорноста на секоја институција во иднина, а особено надзорната улога на Собранието, како и идентификувањето на точките за подобрување, верувам дека ќе дојдеме до вредни и сеопфатни одговори со цел подобро справување со евентуални кризи кои би можеле да ни се случат во иднина. Ќе биде од голема вредност и придобивка да се слушнат стручните мислења на почитуваните панелисти, како и да се погледне детално анализата на Националниот демократски институт наменета за Управување со криза, како одговор на пандемијата со Ковид – 19.

Со оглед на тоа што оваа симулација се реализирав во рамки на Проектот за парламентарна поддршка, уште еднаш се потврдува нашата исклучително продуктивна соработка на овој проект вреден за законодавната власт и за Република Северна Македонија. Затоа, дозволете да упатам искрена благодарност до партнерите во проектот и до почитуваната амбасадорка, Нејзината Екселенција Сибил Сутер Техада.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Велес отворена изложбата „Автобиографија во слики“ на Новица Трајковски

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk