ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Велес отворена изложбата „Автобиографија во слики“ на Новица Трајковски

May 27, 2021 16:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Народниот музеј од Велес вчера беше отворена третата самостојна изложба „Автобиографија во слики“ на академскиот сликар Новица Трајковски. На изложбата беа претставени 20 негови дела создадени во изминатите 20 години. Ова е негова трета изложба во Велес, првите две беа со изложби на слики-пејсажи.

Душко Кралевски, промотор на изложбата појасни дека  австрискиот сликар Егон Шиле, претставник на модерната од почетокот на 20-век, работел автопортрети без никаква позадина, со цел да не го одвлекува вниманието на гледачот од главното: авторовиот лик кој е еден, единствен и најважен.

Кралевски информира дека за разлика од него, во автопортетите на Новица, позадината е еднакво важна како и портретот: таа му овозможува на сликарот да го објасни, дополни или стави под знак прашалник она што е поставено во преден план.

– Како одличен портретист, Трајковски ја има дарбата, како кај класиците, да го прикаже карактерот и психолошката состојба на портретираниот лик (во овој случај себеси). Тоа е забележливо во сликите: мајка со расплакано дете во рацете (Новица како бебе); загрижено лице со темно-светла, изгорена позадина; љубовна средба со саканата;  добро утро на сите со кафенце и чаша вода; шеговито намигнување; шеретско насмевнување; или блажена насмевка под капата на Дедо Мраз…,појасни Кралевски.

Додава  дека освен ова мајсторство, Новица често настојува во автопртретите да додаде доза на (авто)иронизација (мачка што му се качува на глава, или му седи в скут, мачки што зад него си вршат своја работа…).

– Покрај ведри и шеговити, авторот знае да испрати и сериозни пораки, да се прикаже себеси како човек зад решетки што мечтае да полета како птица;,човек што со крајот на очите гледа кон небото, човек со затворени очи над кого лебдат три очи во различна состојба, човек што со надеж гледа кон светлината, уметник што со својата четка од небото-виножито ги зема боите за своите слики; човек што од градите пушта орел да полета кон височините или пак млад и возрасен човек што се допираат во една точка на постоењето…,појасни Кралевски.

Академскиот уметник Новица Трајковски досега има реализирано над 50 самостојни изложби и учествувано на многу групни изложби и колонии. Член е на ДЛУМ и работи како слободен уметник во родното „Илинден“.

 

извор: МИА

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Зоран Заев

Заев: Вината треба да се бара како влегол мазутот во државата, се изготвуваат решенија за одземање на лиценците на неколку компании

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk