ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во јули во Охрид ќе се одржи Преспа Форум Дијалог

May 28, 2021 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на претстојниот Преспа Форум Дијалог што ќе се одржи на први и втори јули годинава во Охрид, денеска Министерството за надворешни работи организираше воведен настан на којшто шефот на дипломатијата Бујар Османи најави подготовка на документ за политики препораки за креаторите на политики.

Документот, како што кажа, ќе го изготви професор Флоријан Бибер, професор по историја и политика на Југоисточна Европа, Универзитет во Грац и координатор на Советодавната група за јавна политика – Балканот во Европа, кој виртуелно присуствуваше на настанот. 

-Во основа на Преспа Форум Дијалог е суштината на трите наши договори во кои Северна Македонија се препознава како уникатен пример во поширокиот регион. Тоа се Охридскиот рамковен договор,  Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот за стратешко партнерство со Грција познат како Преспански договор, рече Османи, според кого овие договори уживаат силен внатрешен и меѓународен легитимитет и се широко прифатени.

Во нив се препознаваат силни политички принципи и вредности кои имаат универзално значење, а тоа се пред се, храбрите политички чекори во изградба на долгорочни и стабилни компромиси.

Целта на Панелот, како што соопшти МНР, е да покрене различни прашања за разгледување на претстојната Конференција за тоа како да се создаде позитивен дијалог во и меѓу земјите и нивните општества, како да се постигне напредок во справувањето со актуелните тешки прашања, како да се создадат регионални наративи, кои може да придонесат кон јакнење на регионалната соработка и јакнење на стабилноста и безбедноста, како да се надмине застојот во процесот на проширување на ЕУ, справување со предизвиците предизвикани од пандемијата на КОВИД-19.

Панелот, исто така, ќе послужи како платформа за прибирање на идеи и предлози, кои ќе бидат преставени во заеднички Регионален политички документ, со препораки за политиките во однос на политичкото, економско и социјално влијание на регионалните и билатерални спогодби во Западниот Балкан.

Османи најави дека јулската конференција е под покровителство на премиерот и Владата на РСМ и дека на неа ќе присуствуваат голем број гости.

-Очекуваме размена на мислење, идеи, како и плодни заклучоци кои ќе стават печат на само на земјава туку и на целиот регион. Сметам дека тоа е важен придонес на нашата земја во промоција на европската идеја или повеќе на важноста од примена на европските вредности на Балканот. Тоа претставува дел од една суштинска и стратешка политика за европеизација на регионот која сметам дека во еден поширок контекст соодветствува и со европската конференција за иднината на Европа. Во оваа политички динамично време и алтернативни сценарија на Балканот, кога од различни страни пристигнуваат како различни пејпери и нон-пејпери, сметам дека создадовме автентична наша платформа која испраќа силен и прецизен одговор за тоа каде му е местото на регионот и како до таму. Преспа форумот за дијалог е токму тоа, истакна Османи.

На настанот свои мислења разменија професорот Бибер, професорот Јанис Армаколас, виш научен соработник, ЕЛИАМЕП, Атина и соработник за Програмата за иднината на Европа, Институт за хумани науки, Виена, Весела Чернева, Заменик директор на ЕЦФР и раководител на канцеларијата во Софија, Европски совет за надворешни односи, Софија и Едвард П. Џозеф, Виш соработник и придружен предавач на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Институтот за надворешна политика на САИС.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Прифатен предлогот за референдум на иницијаторите против новиот закон за учебници

НАЈНОВО

Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Кина го поткопува меѓународниот поредок, смета Водефул

October 15, 2025

Мицкоски ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истакнати американски медиуми го отфрлаат ограничувачкиот нов правилник на Пентагон за новинарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk