ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Движење без маски на отворено, полицискиот час продолжен до 15 јуни

June 2, 2021 10:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Движење без маски на отворено, организирање  свадби, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители. Тоа се дел од  измените на  рестриктивни мерки што ги усвои Владата вчера на седница, по намалувањето на бројот на новозаболените од Ковид-19.

Со ова, се укинува мерката носење на заштитна маска на отворено, освен кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Новите протоколи дозволуваат присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5-2 метри. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од четири лица.

Дозволено е и организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 отсто од капацитетот на просторот, со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

Исто така, зголемен е и бројот на лица на една маса во угостителските објекти, поточно од четири на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца меѓу лицата на масата. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина, а мерката полициски час продолжува да важи до 15 јуни.

ФОТО: МИА

Независната угостителска комора (НУК) вчера реагираше на овие протоколи, бидејќи смета дека токму со новите препораки за организирање прослави, наместо да се влијае, ќе се предизвика хаос во работењето на угостителски објекти.

Од комората исто така реагираат што не се консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи.

– Доколку се точни медиумските најави за нови препораки, и се восхитуваме на умешноста на Комисијата за заразни болести кои од една страна со предлог-мерките дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање на свадби, посочија вчера во соопштението.

Од НУК бараат од Владата при усвојување на протоколите да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели, да ја укине во целост.

Исто така, бараат да се дозволи и на иста маса да седат повеќе од шест лица доколку се од иста фамилија.

Инаку, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 183. Вкупно има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во Скопје во текот на вчерашниот ден беа хоспитализирани нови девет пациенти поради компликации од коронавирусот. Во главниот град вкупно се лекуваат 74 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19.

Во ковид центрите во болниците низ земјава вчера е пријавено дека се лекуваат вкупно 109 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември вчера имало три примени пациенти и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Од Министерството соопштија дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

-Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, а Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, посочија вчера во соопштение.

 

Што се однесува до вакцинацијата, според надлежните, таа се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата „vakcinacija.mk“ е 433.787 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Next Post

Деветти Викенд на гордоста во Скопје

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk