ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ништо не се крие и не се разговара поразлично, на маса е португалскиот предлог којшто е добра основа за решение

June 5, 2021 11:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања, повтори дека несериозни изјави, особено од претседателот на најголемата опозициска партија, во врска со прашањето со Бугарија, може да предизвикаат само штетни последици и закочување на процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Повтори и дека ништо не се крие и не се разговара поразлично и оти на маса е португалскиот предлог, и оти тоа за нас е добра основа да се најде решение за билатералното прашање со Софија.

-Апелирам за трезвеност затоа што илјада пати потврдивме, додека стоеше до мене потпретседателот на ЕУ Борел, или Тимерманс или претседателката Фон Дер Лајн или кој било од луѓето кои се лидери во ЕУ, вклучувајќи и претседатели и премиери на земји членки на ЕУ, експлицитно јасно кажав доколку македонскиот јазик и македонскиот идентитет се на маса ние не преговараме, така што еве го 22-ри ќе се знае за што е разговарано. Тоа е за 18 дена од денеска, рече Заев.  

Тој уште еднаш апелираше на сериозност. – Верувајте, сериозно е и државата и иднината и сето тоа што се разговара. Попатно треба да градите и пријателства, да подавате рака со соседите, да изнајдете начин. Така што дефинитивно едно кое што можам да го потврдам за сите – треба секој да биде спокоен, не само Македонците заради македонскиот идентитет и македонскиот јази. Тоа ги боли, ги засега сите наши граѓани, да бидат спокојни заради тоа што ниту било, ниту е, ниту ќе биде на маса на преговори за нашиот европски пат кон којшто стремиме, рече Заев, додавајќи дека само сериозни политичари и одговорни политики може да не доведат кон подобра иднина за сите граѓани.  

Во врска со патоказот за исполнување на обврските во Договорот со Бугарија, Заев повтори дека работните групи во двете МНР, и во македонското и во бугарското, работат конкретно на протоколот, на патната карта за да може да се дефинира соработката на секторско ниво, комплетно, со рокови, односно како поефикасно и поуспешно ќе се унапреди соработката.

-Со патоказот ќе се гарантира дека побрзо и поефикасно ќе ги изградиме коридорите што не поврзуваат – дали е тоа дел од Коридорот 8 којшто го поврзува Куманово – граница со Бугарија или е Коридорот Скопје – Штип, Клепало кај Берово или е Источниот коридор Струмица – Ново Село – граница во делот на инфраструктурата. Зборувам за од двете страни затоа што ние очекуваме исто така и бугарската страна, после три години да направи конкретен чекор заради тоа што пред се е интерес и на македонската и на бугарската страна отворањето на граничниот премин Клепало. Ние нашето пријателство сме го потврдиле низ годините на неколку пати со конкретни докази. Дигнавме споменик на важен генерал од Бугарската армија од Првата светска војна или слично во Дојран, односно го возобновивме разрушениот за да покажеме акт на пријателство, рече Заев.  

Премиерот рече дека гаранциите се помеѓу двете земји и оти ЕУ во процесот на усогласување на преговарачката рамка, секогаш ја става имплементацијата на двата договори – Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство, соработка и пријателство со Бугарија.

-Договорот за асоцијација и стабилизација што го имаме потпишано 2001 година, токму тој Договор ги дефинира добрососедските односи. И секаде соодветно е разместено. Навистина реков имаме инвентивен и креативен предлог од португалското претседателство што води сметка за двете страни, ги чува навистина важните работи за двете страни, а сепак нуди решение. Така што дефинитивно да оставиме овие неколку дена да финишираме, да се надеваме на исчекор, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања пред акцијата на Град Скопје за чистење на поранешниот полигон за обука на возачи под Скопското Кале, по повод Светскиот ден на заштита на животната средина. 

Next Post

Пладневен преглед: На маса е само португалскиот предлог, вчера аплицирани 14.282 вакцини, пратениците се враќат во сала "Mакедонија"

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk